Стојан Христов – Американски сон

Во САД, Христов прво е работник во ложилницата на Сент Луис, па градител на железница по степите на државите Монтана и Вајоминг.


- Се сели во Чикаго и по неколку месеци се запишува на Универзитетот “Валпараизо”– Индијана. По 18-месечни студии со недостигот на пари, ги прекинува на 6 месеци и се враќа во Монтана на железницата како работник во група од 12 Македонци.

- Заработува доволно пари и се враќа на Универзитетот кој успешно го завршува за 4 години (1918 – 1922 г.).Успехот се должи на вечерните училишта по англиски јазик кој студиозно го совладал.

- По 13 години престој во 1924 г. Христов со тешка болка, го прима Американското државјанство.

- 1922 – 1925 г., работи како уредник на весникот “Хауз Орган” на компанијата “Валентино Валспар” – Чикаго.

- 1925 - 1927 г., работи како новинар за весникот “Дејли Њуз” – Чикаго. Објавува многу натписи за емигранти со што го привлекува внимението.

- Специјален дописник на весникот ,од Балканот за надворешната рубрика од 1927 - 1929 г., Христов се интересира за односите и политичките состојби на Балканот.

- 1929 - 1941 г. со прекини работи како слободен писател во Њујорк.

- 1941 г. се сели во Вермонт каде е до крајот на животот.

- 30.VIII. 1937 г., се жени за Маргарет Вутерс Халовел (Индијанско потекло).

- 1942 – 1944 г., е Американски воен разузнавач, Аналитичар и Предавач по Балканското партизанско движење во Воениот Департмен - Оддел за Воени Известувања на Пентагон.