Проектот на д-р Алберт Либиер и Џемс Баучер 1919 г

Во Меморандумот од д-р Либиер се укажува на погубниот факт дека „во Македонија повеќе децении се водат крвави војни “ и дека доколку навистина се сака стабилизација на Балканот,...


...тоа не можело да да се постигне без решавање“ на прашањето на Македонија, која повеќе од 25 години е крваво бојно поле“.

- Американскиот експерт д-р Алберт Либиер и Англиски новинар Џемс Баучер, дејствуваат заеднички и напоредно. Нивниот проект за самостојна Македонија, му е доставен на Американскиот Претседател Вудро Вилсон и на повеќе важни Британски институции.

- Овој проект е важен што авторите нагласуваат дека ако се сака иден мир на Балканот границите на новата автономна Македонија и “новите граници на балканските држави, по можност, да бидат поставени во согласност со границите на националностите“.

- Уште поважно што бара овој проект е реализирање на принципот дека “еден балкански народ не може да се стави под владеење на друг (балкански народ – н.з)“. Заради тоа овој принцип можел да се оствари низ самоопределување на конкретниот народ.

- Овој начин за идниот мир на Балканот е “особено пожелен”, кога е збор за Македонија, со оглед на “соперничките барања на соседните држави, што без причина за бескрајните страдања на оваа земја близу половина век“.

- За престолнината Солун, пишуваат: “Солун, кој трговски е неделив од внатрешноста, природно, ќе може да стане престолнина на новата држава. Предложеното решение ќе може да ја задоволи широко распространетата желба за автономија што во Македонија и во Солун постои во изминатите години“