Бугари за Бугарски фалши

СТЕФАН ВЛАХОВ – МИЦОВ (aнализа и Интервјуа - в. “Вечер” со Борче Грозданов, “Време” со Весна Дамчевска од 23. 04. 2007 г. и др.)


Дете од мешан брак. Татко му исто од мешан бугарски и кумански род како што вели Влахов а мајка му е – Македонка по род.
Специјализирал- историја (Балканистика), филозофија и реторика на Софискиот Универзитет Св.Климент Охридски.
Доктор по филозофски науки.

Професионална и интелектуална биографија.

- 23 години предава на Софискиот Универзитет по што е отпуштен од работа заради неговите ставови во врска посебноста на македонскиот народ и правата на Македонците во Бугарија.
- Член е на Здружението на Бугарски новинари.
- Член на Управниот Совет на Салонот за литература, уметност и наука при Сојузот на Бугарски Журналисти (СБЖ).
- Член на Меѓународната организација на Журналисти.
- Член на Професорската академија за светски мир со седиште во Њујорк.
- “Амбасадор на мирот” на Интернационалната Федерација за светски мир при ООН - звање добиено 2006 г.
- Претседател на Сојузот на слободни писатели во Бугарија.
- Главен секретар на Друштвото за Бугарско-Македонско пријателство.
- Бил и раководител на Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Бугарија
- “Почесно Рациново признание”- Меѓународна награда чиј добитник е и Влахов – Мицов.
- Автор на 10-тина книги преведени на неколку светски јазици меѓу кои и најхрабрата книга напишана од еден Бугарин за македонскиот идентитет – “Филозофски клуч за македонскиот идентитет” во издание на Матица Македонска.