Медиумски и др. активности на САД

Медиумски и др. активности на САД за подршка на македонската самостојност, во време (но и по) Мировната конференција.


- Февруари 1919 г., само 2 месеци по Лондонскиот состанок, САД преку членот на Американската експертска делегација, разговара со англискиот новинар Џемс Баучер за актуелизација на македонското прашање.

- Влијателниот новинар Баучер, покренува лавина написи во најугледните Лондонски весници за актуелизација на македонското прашање. Она што е при тоа најважно е дека:

- Баучер во написите инсистира за остварување на идејата – ЗА СОЗДАВАЊЕ МАКЕДОНСКА ДРЖАВА СО ГЛАВЕН ГРАД СОЛУН, и под протекторат на САД.

- Баучер за оваа цел во проектот ги црта границите на македонската држава – Од Шар Пл.,на север до Егејско море на југ, и од бугарската граница на исток до албанската граница на запад.

- Баучер нагласува во своето инсистирање дека тоа е желба на “најголемиот дел од жителите на Македонија“.

- Баучер токму заради ова го исфрла лозунгот (ставот) – “ Македонија на Македонците“

- И по она што се случува на мировната конференција, САД не се помируваа со нереализацијата на македонска самостојност.

- мај 1919 г., д-р Алберт Либиер - член на американската експертска група, од името на Балканската секција, поднесе...

- Меморандум за создавање на автономна Македонија од деловите “ОСВОЕНИ ОД БУГАРИЈА, СРБИЈА И ГРЦИЈА“ , кои би требало да се “во една целина“.

- во Меморандумот за оваа целина д-р Либиер, ќе побара да биде таква, која – “НИКОГАШ НЕ ЌЕ СЕ ОБЕДИНИ СО НИТУ ЕДНА ОД СОСЕДНИТЕ ДРЖАВИ“.