Преговори со Егзархијата

Увидувајќи дека и покрај сиот труд и средства, резултатите со Пропагандата во Македонија и среде македонскиот народ и се минорни и дека тешко оди откажувањето од Православието, Конгрегацијата тргнала со друг заобиколен план до сега многу поголемата цел.


Наместо да оди локално и поединечно општина по општина, земја по земја таа удрила во главата, во чија и надлежност и од каде се управувани фактички сите Православни епархии - кај Егзархијата во Бугарија. Под Егзархиски патронат не била само Македонија но и Тракија, Стара Србија и др. делови од Србија, дури и Босна. Промислувајќи ја податливоста на Бугарите и дека со задоволување на главната им експанзионистичка цел – Македонија, Конгрегацијата ќе ја добие целата паства, територии дури и души од Балканот, таа им ја фрла оваа понудена карта. Имено тие и понудиле на целата Егзархија и се што таа има под своја управа да прејдат во Унијатсво а за возврат на – Македонија. Конгрегацијата се понудила да посредува кај католичките земји и големи сили и вистински да и овозможат на Бугарија да ја припои Македонија кон себе.

Вечната борба меѓу Бугарите и Македонците при што првите со освојувачки амбиции а вторите во гола одбрана на своето, на Конгрегацијата и била добро позната уште од времето кога Македонското свештенство и паства им се обратија први за Унијатсво, само и само да се ослободат од Бугарите. Сега Унијатите се обратија до појакиот а во своја цел и корист.
За ова цел го овластија својот Пловдиски надбискуп Менини да сондира но и преговара на Бугарски терен и кај Бугарската влада и кај Егзархијата. Менини се поврзал со некои Врховистички кругови а по некои преговори во Софија заминал и во Виена по инструкции кај Австрискиот цар Фрањо Јосиф .