Пропаганда и просветата

Мислејќи дека токму сега се поволни условите за прозелитска агитација во Македонија по Илинденскот востание, КОНГРЕГАЦИЈАТА ЗА ПРОПАГАНДА НА ВЕРАТА во Рим, врши прераспоред на својот   пропаганден  апарат во Македонија.


Унијатскиот клер е разделен на 4 пукта: СОЛУН, КУКУШ, ГЕВГЕЛИЈА и ЕНИЏЕ ВАРДАР. Сите дотогашни 24 свештеници се распоредени по енории, освен 4 безбрачници кои биле подвижна мисија.

Мисионерите пак Лазаристи и натаму биле поделени во две мисии – Солунската и Битолската. Солунската имала свои пунктови во Ениџе Вардар, Кукуш и Гевгелија, а Битолската отворила нов пункт во Костур. Двете заедно имале на располагање 14 мисионери не сметајќи ги професорите во Зејтинлик и 43 милосрдни сестри од ордените “Ст. Винсент“ и евхаристинките (Аnnales de la congregation de la mission – Lazaristes, Paris [ 1858 – 1914 ] , vol. LXIX , 1904, стр. 326 – 332).

Конгрегацијата посветила внимание на просветата како составен дел на пропагандата. Просветен центар на ова пропаганда и натаму останал Зејтинлик, но овојпат Гимназијата таму добила задача да подготвува кандидати за свештеници и тоа безбрачници.

Тоа се правело бидејќи се увидело дека тие за разлика од странските мисионери имаат поголема доверба кај народот. Но оваа иницијатива на Конгрегацијата немала никаков ефект зашто меѓу Македонците воопшто немало интерес за свешетнички позив а камо ли и за безбрачништво, па и немало кандидати (Аnnales de la congregation de la mission – Lazaristes, Paris [1858 – 1914] , vol. LXIX , 1904, стр. 182-184)

Заради ова се одлучило сите унијатски свештеници сукцесивно од по 6 месеци да посетуваат курсеви во Зејтинлик а сличен курс е спороведен и во Кукуш. Бидејќи практиката им покажала дека поголем успех во пропагандата имаат жените мисионерки заради непосредната помош при амбулантите и болниците, пропагандата при семинаријата отворила курсеви за домаќинство за млади девојки. Сестрите од орденот “Ст. Винсент“ работеле и надвор од Зејтинлик, раководеле неколку курсеви а подготвувале и кандидатки за пополнување на својот орден ((Аnnales de la congregation de la mission – Lazaristes, Paris [ 1858 – 1914 ] , vol. LXIX , 1904, стр. 326 – 332)

Во 1903 год. седиштето на Унијатската епископија од Кукуш е преместено во Солун по одлуката на Конгрегацијата за пропаганда на верата. Таа сметала дека Солун како вистински административен и трговски центар на Македонија треба да го преземе водечкото место за ширење на пропагандата и за таа цел ја гради новата епископска резиденција во Солун. Материјалната помош е добиена од Франција па кон крајот на 1903 год. епископт Шанов се преместува во Солун.

Концентрацијата на католичката пропаганда во Солун било и со цел да се биде во непосреден контакт со конзулите на католичките земји и со нивна помош да се зголемуваат потребите за нови енории и територии. Кукуш уште од 1885 год. има постојана мисија од мисионерки а во 1902 год. таму се и мисионерте – Лазаристи, во 1903 год. се зајакнува со двајца свештеници безбрачници. Во Кукуш е и класно училиште и сиропиталиште за чиј управител тогаш е нзначен шефот на мисијата Мишел.

И во селата низ Кукушко се оддржувала настава, секоја сабота и недела од Солун пристигнувале мисионери и држеле верска настава. Се делела и финансиска помош на сиромашните домови која доаѓала од добротворни друштва од Франција. Но и покрај се најдобар успех од оваа проипаганда имале седумте сестри и двете учителки кои бесплатно помагале по болниците, селата, училиштата и сиропиталиштата. Сите расходи за сето ова редовно се покривани од Франција која испраќала редовна месечна помош.