Ефекти за Католичките мисии

Ова пружање помош се разбира дека имало свој ефект во сета таа несреќа која го снашла македонскиот народ, кој позитивно гледал на оној кој му се “нашол во зол час”.


Дури и Задграничното Представништвото на ВМРО од Софија испраќа благодарност во писмо до Католичкиот бискуп Менини во Пловдив за помошто во Битолско на македонските стрдаланици. Куртоазното писмо од бискупот како возвратен одговор на предходново, пак е со скромноста на христијански долг при страданија на другиот (Lettre. Bulletin de L, Alliance-Paris, sept. 1903, стр. 52)

- И се би било добро кога ова и навистина би било така како што и оваа Католичка пропаганда тоа и навистина го правела од највисоки човекољубливи позиции но вистината е нешто друго. Зашто иако имало случаи со засолнувања на македонските револуционери како она во манастирот Паљурци (Житие Иоана Краиничанскаго [1869-1942] стр. 42, ракопис во ИНИ – Ск., Сиг. Сл. IV 9) или засолнување во домовите на Лазристите, тоа се индивидуални чинови кои не можат да се препишат на некоја генерална позитивна политика на овие верски пропаганди кон македонското национално-ослободително движење.

- Тоа се потврдува со и мала површна анализа, во сите случаи кога се постапувало така кон ВМРО и нејзините акции, римокатоличката пропаганда – била принудена да го стори тоа. Револуционерите не ни барале дозвола кога влегувале во мисионерските установи, а овие пак не смееле да одат толку далеку за да ги пријават на турските власти, зашто неминевно ќе следи репресалијата од ВМРО.
Таа пак и другите мерки кои како вооружена формација на македонскиот народ ги имала на располагање ВМРО, ќе значи и дефинитивен крај на нивното мисионирање во Македонија. Со турските власти можеле и да се договараат, пазарат, дури и да ги заплашуваат со силата на нивните влади и авторитети но сето тоа со ВМРО нити можело нити било добро да се прави.

- Ако и имало нешто воопшто од вистинска помош кон ВМРО од страна на овие пропаганди тоа го правеле индивидуално Македонци - Унијати кои ги имало во редовите на ВМРО. Но Римокатоличката пропаганда ВМРО го смета за непријателска организација иако ова толку не им се мешала во верските определби на Македонците. Заради се ова четите не ретко за да се здобијат со материјални средства за набавка на оружје го следеле примерот на Сандански со барање откупи за мисионери и мисионерки (случајот игуменката на Паљурскиот манастир).

- Но и покрај се, неуспехот на Илинденското востание одел во директен и целосно ефектен успех на Католичко-протерстанските пропаганди. Нивните хумантирани акции кон македонскиот народ од една и продолжувањето на уште пожестокиот терор од турска страна, а при намалена маневарска можност на четите да дејствуваат, делувале кон успех на Унијатсвото и пртестанството. Така најпрвин почнале оние кои го напуштале Унијатсвото, пак се враќаат а потоа и други да ги прифаќаат овие две пропаганди.

Мисионерите го користеле мигот за убедување на разочараниот народ, дека току тие ја имаат Австроунгарската,Француска и др. западна заштита и дека како такви, власта не може врз нив да врши никакви репресалии, што во крајна линија и навистина било така. Затоа пред опасносата од репресалии по востанието 14 села од Кукушко се враќаат во Унијатсвото. Во Битола во Унијатсво преминуваат 10-тина семејства но откако мисионерите им ветиле ефикасна помош од католичките сили (Аnnales de la congregation de la mission – Lazaristes, Paris [ 1858 – 1914 ] , vol. LXIX , 1904, стр. 326 - 332).

Но овие западни пропаганди не можеле долго да и се радуваат на вака постигнатите резултати за што имало и други Големи сили играчи во регионот. Руската дипломатија брзо и остро реагирала со контра мерки на новото Унијатсво и со помош на турската власт успеала да ги врати во Православието истите 14 Кукушки села и 10 –те Битолски села (Аnnales de la congregation de la mission – Lazaristes, Paris [ 1858 – 1914 ] , vol. LXIX , 1904, стр. 326 – 332).
Но Русите се активирале дури кога нивните интереси се загрозиле зашто без Православието над кое веќе ставиле рака како најголема Православни сила, слабееле нивните позиции и пропагандни стремежи. Рускиот конзул во Битола дури несебечно се дал и лично во објаснувањата и предочувањето факти на новите Унијати за вистинското лице на Унијатсвото.


Имено тој при тоа им го предочил вистинското поведение на мисионерите – Лазаристи во време на Илинденското востание. Имено им ги дал на увид вистинските случувања а се однесуваат на тоа дека додека народот ги трпел најстрашните репресии од Турците ,мисионерите приредувале вечеринки токму со Турски високодостојници терајќи ги учениците да рецитираат стихотворби за верност кон султанот (Аnnales de la congregation de la mission – Lazaristes, Paris [ 1858 – 1914 ] , vol. IV , 1903, стр. 49).