Македонски одговор на Рим

Овие мисионерски пропаганди однадвор во полујавна спрега со своите влади, будно ја следеле ситуацијата во Македонија, известувајќи и координирајќи се едни со други.


Пристапноста и до најодалечените краеви на Македонија заради “хуманата мисија”, им овозможува на мисионерите да бидат во тек со се а во многу случаи и први сведоци на некои случки и настани.
Но иако знаеле за активностите на ВМРО, не сметале за возможно дека може да дојде до некои посериозни случувања кои битно ќе ја изменат општествено- политичката и регионална состојба. Такви случувања не очекувале ниту од внатре од Македонија, уште помалку од надвор особено што и големите креатори на Европската и светска политика а чии представници и самите биле, такво нешто им наговестувале воопшто.

Токму затоа биле затечени и изненадени од “Македонскиот одговор“ токму по нив и нивните мисии, капитали и капитални интереси. Најпрвин акцијата на Јане Сандански и Серскиот револуционерен округ со грабањето на мисионерката Мис Елен Стон кога повеќе од половина година ниту најсилните турски трупи не можеа ништо да сторат, уште мораа и бараниот откуп да го набројат. Не помогнаа бројните апели контакти и молби кон револуционерите, чија силина, решеност и организираност директно ја почувствуваа. Дотогаш слободното протестанството е сосечено таму до кај што втаса до Струмичко, по оваа акција нема повеќе така да се шири.

Уште повеќе и конкретно католичките пропаганди беа затекнати со Солунските атентати (25 април – 03 мај 1903 год.) кога покрај турските институции и објекти низ Солун, особено на удар се најдоа Европските банки, бродови, железнички и пристаништи капацитети со роби, хотели, собиралишта на конзулите и сл. Кревањето на францускиот брод “Гвадалкивир” ,мисионерите го толкувале како акт против нивната протекторка – Франција и плашејќи се за животите Солунските мисионери-Лазаристи се затвориле во својот самостан и не смееле да го напуштат (Аnnales de la congregation de la mission – Lazaristes, Paris [ 1858 – 1914 ] , vol. LXIX , 1904, стр. 275).