Воениот легитимитет на македонскиот крал
Македонскиот крал со своите војници секогаш има близок однос, тие му се обраќале слободно, без протоколи и употреба на титули и слободно дискутирале за сите прашања.
Со целосна слобода и иницијатива предлагале, а биле и критични во однос на некои одлуки од кралот. Војничката комуникација, лична и пријателска доверба, со кралот кој во сите битки бил и нивни соборец, биле главниот фактор за цврстината, унитарноста и непобедливоста на македонските фаланги. Кога македонските војници го гледале својот крал како заедно со нив го ризикува својот живот, прима удари и рани и ги сноси сите други последици од битките, себеси уште помалку се штеделе. Присуството на кралот на самото место на битката станало непрекршлива традиција. Познато е дека кога среде битка со Илирите загинал кралот Филип I  (околу 593 год.п.н.е), таткото на Аероп I (околу 563 год. п.н.е), Аероп иако бебе бил донесен уште додека траела битката. Бил ставен во лулка зад борбените линии но така да го гледаат неговите војници, што им дало уште поголем елан да победат. Со ова македонските монарси го имале најскапоценото нешто што секој монарх би го посакал, довербата од најблиските и соборците. Кралот имал внимателен однос и кон своите поданици кои и го чинат јадрото на македонскиот народ, но и затоа што од таму доаѓале и регрутите за фалангите, особено по Филип кој воведува обврзителна обука.

 
Александар Македонски во првите боребени редови

Македонските кралеви во сферата на одбраната биле неприкосновени и со најголеми овластувања, “командувањето и воените одлуки биле апсолутна ингеренција на кралот”. Македонскиот крал во сферата на одбраната можел да се советува но секогаш одлуките ги носел сам и за нив никому не одговарал ниту имал обврска за отчетност. Ова произлегувало и од строгата воена дисциплина како главна одлика на македонската војска, каде кралот “располагал со животите на своите војници”. Оваа исклучителна неприкосновеност и суверена позиција на кралот во воените работи е заслуга на самите македонски кралеви зашто како врховни команданти биле кралеви – борци.