К.П.Мисирков – фалсификуван

Крсте Петков Мисирков по доаѓањето во Битола, при крајот на 1902 г., ќе започне со водење дневник.


Дневникот е пишуван на Руски јазик и претставува еден добро зачуван нотес во темно-сина тврда плишана подврзија со размер 16х10 см. На корицата на дневникот со машински печат стои: "К. Мисирковъ. Дневникъ. Битоля"

Најден е кај приватно лице во Софија, и денес се чува Архивите во Софија. Направено е едно издание на дневникот во превод на бугарски „Дневникът на Кръсте Петков Мисирков, Известия на държавните архиви„.

   Проблемот е што повторно се појавил фалсификат. Во ова издание не се објавени првите страници од оригиналниот дневник пишуван и пагиниран во ракопис, на 80 странички, лично од Мисирков.

Што, пишува на првите страни, и што толку ги исплашило квази историчарите во Софија, па не се осмелиле да го објават?

"...И така, ќе почнам со прашањето: кој сум јас?
Јас сум син на селанец од село Постол, што се наоѓа врз урнатините на древната Пела, Ениџевардарска каза, Солунски вилает, Македонија Основното образование го добив во грчко училишта во родното село...
...Јас добив образование со туѓи средства, србски, бугарски, но како Македонец сум и должен на својата татковина, а тоа значи дека сум многу задолжен и сум должен во секој момент да се жртвувам за неа..."

Мисирков секогаш потенцирал дека е роден на местото на древната Пела, престолнината на „Великиот Александар Македонски„. Тоа е традиција која ја носи од генерациите на своите претходници. Тој дури раскажува дека токму во нивната нива била „Александровата палата„.

И ова можеби „татарољубциве„ ќе го наречеа „фалшификат„ ама проблем е сличноста со други документи, од независни извори:

Професорот, славист П.А.Лавров се упатува на експедиција на Балканот (во Европска Турција) кон крајот на XIX век. Во експедицијата, на извесен начин и се приклучил и К.П. Мисирков. Првата средба на Лавров со Мисирков вака ја соопштувасамиот професор во еден свој извештај за патувањето во Македонија, пишуван во почетокот на 1901 година, меѓу другото ќе напише:

"Отправившись в прошлом году из Одессы в путешествие по Македонии, мы встретились на параходе Русского общества с студентом С.-Петербургского Университета Мисирковым, Македонцем родом из села Постол, древней Пелы..."

(Архива Руссийской академии Наук, ф. 284, оп. 1, д. 76, лл. 3-3 об.)

„За македонцките работи„ и нејзиното масовно уништување од страна на Бугарските власти, започнало речиси веднаш по излегување од печат во 1903 г., па останле само десетина примероци од оригиналот. Зошто ли му го  уништувале делото на Мисирков, а денес се грабаат за него Бугарите ?!