Бугарски фалсификати

Често Бугарите велат дека нашата историја била „прекроена„, не излажал овој или оној, (најчесто комунистите!)


Епа ајде да видиме чија историја е прекроена? И кој кого излажал?
Кој си го лаже дури и сопствениот народ и зошто ?

* Во „Историја на Бугарија“ од (1955, том 2, стр. 148-149) е реченицата:

„Така бугарската буржоазија сметаше да го зацврсти своето влијание кај народните маси во Македонија...“.

Во 2 издание (1962, том 2, стр. 140) реченицата е:

„Така бугарската буржоазија сметаше да го зацврсти своето влијание кај Македонските Бугари...“.

Во 1955 г. значи Македонците се: народните маси во Македонија...
додека во 1962 г. има метаморфоза во - Македонски Бугари.

* Во првото издание (1955, том 2, стр. 148-149) меѓу останатото стои и мислата:

„Македонскиот народ се крена во самостојна, смела и одлучна борба против турската феудална империја...“.

Во 2 издание (1962, том 2, стр.141) во истата реченица „Македонскиот народ“ е сменет во „македонските Бугари“.