ФОЛКЛОРОТ KAKO ИНСПИРАЦИЈА

Народ без свој етно-фолклор ,е без цврста етногеноза, тој е дрво без корен .


Најверодостојниот резултат од духовниот порив на народниот гениј - одраз на душата од македонскиот народ е музичката фолкорна традиција . Таа е нераскинлив дел од духовноста,традиција која е творечки континуитет - врска меѓу исконот и сегашноста.

Музичката фолкорна традиција е олицетворена во игрите,ората и македонските народни песни, илјадници на број,испеани многу одамна. Но и покрај тоа, таа не е само архаичен духовен продукт или некаков антиквитет со музејска вредност, туку пренесувана од колена на колена, се негува кај народот и денес.Таа е директиот линк со минатото на македонскиот народ.
Македонската народна уметност е посебен културен феномен пред кој не се останува рамнодушен.Базирана е на културни вредности уште од античкото македонско искуство, но во неа се инволвирани и елементи од подоцнежните периоди но и по некој елемент од народи кои низ вековите суштествувале на овој простор.
Сето,поминато низ креативниот дух на Македонецот. Продуцирани се високо и крајно оригинални уметничко-занаетчиски вредности чиј најјак израз е феноменот на народната уметност.Во неа се вткени вековните предизвици,стремежи,страдања,но и надежи на македонскиот народ.Во такви констелации,богатство на форми и изразни средства , тие и не се ништо друго туку емотивна и уметничка реакција на бурните културни и историски процеси низ кои минувал Македонецот во изминатите милениуми.

Македонија,иако релативно мала земја , е со ретко богата традиција, изразена во материјалната и духовна култура.Тоа богатство е резултат на етничките особености на населението како и местоположбата на Македонија. Во средишниот дел на Балканот,таа отсекогаш е врска меѓу Европа,Азија и Медитеранот и крстосница на разни движења.
На најстариот античко-македонски слој ,со своите влијанија се надоврзуваат византиската, ориенталната,се до најновите струења од Запад.Но и покрај влијанијата,македонскиот народ,пренесувајќи ги своите традиционални обележија од поколение на околение,развивал ретко богата материјална и духовна култура.

Богатството и разновидноста на традиционалната култура највпечатливо се изразени во народните носии.Создавани долги години,тие,како во поглед на типските одлики,така и во поглед на кројот и украсувањето оделни облековни елементи,тие се со свои изворно македонски етно-белези.Богатството на облеки со разни форми изработени од домашно платно или волна,везот,апликации,украси од реси,срма,гајтани ,метален,монистрен и природен накит, на носиите им дава карактеристичен монументален изглед.
Влијанието на фолклорот е големо и во современите музички текови,каде авторите одат кон уметнички стилизиран фолклорен ритуал,без да се дистанцираат од изворното ,од фоклорниот идиом. Народните песни биле и остануваат трајни извори за нови инспирации во музичкото творештво.
Особено е влијанието на македонскиот мелос во творештвото на плејада познати композитори од современата уметничка музика, како : Трајко Прокопиев,Стефан Гајдов ,Тодор Скаловски,Живко Фирфов и др.Освен во оваа музика, македонскиот музички фолклор игра важна улога во творештвото на автори со популарни музички стилови.