РАЗБИВАЊЕ БУГАРСКИ ФАЛ(Ш)СИ

Каков “Бугарин“ е Теофилакт – Охридски Архиепископ?!


Замената на тематското име “Вулгарија” и жителите - како “Вулгари“ и од тоа вадењето наводна бугарска народност за македонскиот народ, какo целосна небулоза, најдобро се потврдува од црковните документи и од “подигнатитe” плочи, со кои бугарската наука и се служи.

За именувањата на – Архиепископите

Теофилакт
- САМО И САМО ЗАРАДИ ПОВЕЌЕГОДИШНИОТ ПРЕСТОЈ ВО ОХРИД како поглавар, а бидејќи Охрид тогаш е под темата – “Вулгарија”, ќе се смета за –“ Вулгарин”, но не во смисла на народност (бил Грк). Лично, вели дека - “по чудо станал Вулгарин”, исто како и Ерменецот Никола Христилиј кој е наречен – “Вулгарин” од Скилица и Кедрин. (За ова и кај Бугарите – А.Милев – “Двете грчки житиа на Климент Охридски”. Сборник по случаи 1050 г. Од смртта му, Софија,1966, 153, Е.Георгиев –“Охридската книжовна традиција”. Литература на изострени борби в средновековна Блгарија, БАН).

За именувањето на епархиите

Сите епархии во титулирањето на Теофилакт, опфаќатени под она - Архиепископ на - "Всја Вулгарија", меѓу нив покрај 7- Македонски (Костурската, Мегленската, Битолската, Струмичката, Моровизд - Кочанската, Скопската и Сервијската), биле и 6 - Српски (Нишката, Браничка-Костолец на Млава, Белградската, Сремската, Призренската и Липјанската).

Прашања кои се наметнуваат

а) Дали според титулирањето на Архиепископите и Србите од овие епархии се – Бугари и ако не зошто не ?!

б) Со ова нели паѓа теоријата за “бугарскиот” карактер на Македонија оти Бугарите се повикуваат токму на Архиепископските титуларства?

в) Зошто Бугарската бучност за наводниот “бугарски карактер “ на македонскиот народ а за србскиот кој е опфатен во овие титулирања – МУДРО СЕ МОЛЧИ?!

в) Во титулирањето на Теофилакт се и епархиите на Тријадица (Софија) и Велбижд (Ќустендил) територии кои отсекогаш гравитирале кон Србија и Македонија а под Бугарија ќе влезат дури - 1878 год. на Руска интервенција. Зошто и за ова Бугарската наука – МОЛЧИ МУДРО? ..Особено и заради следното прашање..

г) Ако е Охридската архиепископија “Бугарска” ,а заклучено од титулирањето тогаш треба - ИСТО ТАКА МУДРО ДА ЗАКЛУЧЕМЕ дека не се Бугари ниту верниците од Преславските и Трновските епархии а во земјите на денешна Блгарија ?!..
Имено.

1. Во Архиепископската листа од “Архиепископот на цела Бугарија” што е во составот на – “Ordo episkoporum” на Христијанските цркви во Париз - Paris, gr. 88 , НЕ ФИГУРИРААТ Преславските и Трновските, туку само Охридските, додека пак во спомен – листата на Палаузовиот примерок на Синодиконот на царот Борил, од втората половина на XIII век, меѓу Трновските и Преславските патријарси, Охридските ГИ НЕМА, па ниту и детронизираниот патријарх Дамјан Дрстарски, кој по 971 г. се најде во Македонија и е внесен во Архиерејскат листа на Охридските Архиепископи, нема спомен во Синодиконот на царот Борил.

- Ова е уште еден пример колку “бугарска“ е Македонија и каква – “бугарска црква“ била Охридската Архиепископија. Преславските и Трновските патријарси не се ниту спомати, а предходеле, доколку Охридската црква навистина е продолжение на Бугарската - Преславска црква. (Самоил ја издигна во ранг на патријаршија Охридската црква затоа уште повеќе зачудува денешната Бугарска – фалс-историографија, со нејзините упорни – небулози)