Поимот - Народ

Зборот “НАРОД” во македонскиот јазик е од зборот –“ РОД”. Ова подразбира од “ тој РОД” и конкретизира крвна врска на повеќе СРОДНИ РОДОВИ . Родовите пак се состојат од - семејства


Во Библијата во книгата “Битие” е прикажан израелскиот народ кој потекнува од родовите кои ги создаваат првите - семејства. Се почнува од семејството на Јаков кој има 12 синови кои пак ги продолжуваат овие дванаесет поколенија со свои родови од кои и се создава Израелскиот народ.
Но во Библијата покрај Израелскиот е и Македонскиот народ. Насекаде и во Стариот и во Новиот Завет, цели глави се посветени на Македонците нивните кралеви, војски, родови и смејства, на нивните дела и особености.
Но за македонскиот народ и пред Библијата од времето на многубоштвото се пишува за семејствата на родоначелникот на македонскиот народ – МАКЕДОН.
И исто како и кај Израелците ако се погледне ова митско-духовна линија на потеклото тогаш и потеклото на Македон се врзува за врховното многу постаро божестово - богот ЗЕВС кој со Тија го добиваат синот – Македон. А бидејќи токму Зевс го победува ( наследува) ХРОНОС ( Времето) , од ова следи и дека Македон произлегува од таа победа.

  И кога сме кај времето милениумската постојаност на ова име толку долго на ова тло е фрапантна. Реткост е низ светот да останал некој епоним толку долго за некој народ. Некогашните Месопотамци, Персијанци, Хелени, Латини, Феникијци, Гали, Келти, Авари,..и др., денес се со толку различни епоними што колку и да се обидуваат да ги враќаат, силата на времето им ги избришала така да денешната реалност само е потврда на тоа.

И пак ако се вратиме на семејството ќе увидеме дека тоа е основната клетка на народот, зашто кај природните општества постои таа посебна врска меѓу семејството и народот со природата на човекот која има општествен карактер. Воопшто основните патеки при создавањето на било кое општество се со зачеток во – семејството. Токму ова може да се каже и за народот зашто културно-историскиот идентитет на општествата е обезбедуван и оживуван од – народот.
Во оваа смисла македонскиот народ без разлика на тоа што најчесто бил во стегите на туѓи општествени управи и под влијание на нивните култури, низ она што секое македонско семејство го творело и оддржувало и меѓусебно како македонски семејства разменувало, се оддржувал и културно-историскиот идентитет на целиот македонски народ. При тие вековни ропски стеги и наметнувани туѓи пропагандни идентитети, тој опстојал и си го задржал својот – македонски етноидентитет.

Народот и државите

Народот е почвата на која се раѓа државата, но народот не е и основен услов на државата односно нејзиното устројство, особено во современите услови. Имено денес во т.н.р “Демократски општества” се губи народот како незаменлива и основна категорија за државата која сега е поблиска до Демократското општество одошто до народот. Зашто народот иако е почвата на која се раѓа државата, демократскиот режим е прашање на внатрешната политика. Денес има држави со такви демократски уредувања каде претставници на народи преку загарантирани квоти одлучуваат за државни политики. Има и држави со конгломерат од народи во кои дури и се изгубил народносниот белег па се дошло до нов поим – нација кој го истиснал поимот народ од чисто етничката смисла.

Кога негаторите на македонскиот народ, удираат со координирани напади токму по него – по неговата историја, неговиот јазик, неговото име или Црква , тие знаат каде удираат. Добро знаат по кои столбови удираат, особено врз носечкиот столб – носителот на државноста , македонскиот народ. Тие и нивните држави зашто ја имале среќата да им создадат порано - држави , ние сме го оделе потешкиот пат. И токму тие порано добиени државности ги користеле во својата најподла форма да удираат по нас.
Востанијата и револуциите на македонскиот народ ја имаа судбината да им ги избрзуваат со умисла од страна на Бугарите, се со цел – истоштеност на македонскиот народ за кава и да е самостојна борба и чекање слободата да дојде од - Б, лгарија и ”братскиот народ”. Истовремено пред светот си правеше реклами дека ете “Б,лгарите во Македонија” се борат за слобода и страдаат, иако всушност страда некој друг народ имено - македонскиот.
Србите немајќи друго оружје , денес се зафатиле за Црквата и негирајќи ни ја самостојноста тука (како најстара институција) и водејќи не во минатото од каде ќе ни се вади некакво поинакво потекло. И не случајно зашто тоа е времето кога Српските деспоти по Македонија дигале цркви и манастири, како да тоа е факторот на потеклото на ова земја и нејзиниот народ. Но ете тие се упорни ?!
Грците се зафатија за – Името, зашто ако се земе името се оспорува и народот кој е со тоа име но и се што тој има како историја и вредности. И не случајни се лукавите предлози денес , демек ако веќе ќе мораат да ни попуштат тоа да биде – да им го признаеме минатото на нашат а територија како “Грчко”, се што ќе се најде на наше тло како археолошки доказ да им го признаеме како “грчко” (?!). И пак со тоа ни се удира по основите на потекото како народ.
Се се ова удари заради нашата народност, тоа што сме различен народ е основната причина и последица за секој нивни чекор. Се разбира толку посебен колку што се бројни и жестоки нивните (не) дела кон нас. Сеедно на нив ние сме истите никому не сме правеле зло, само си го сакаме и чуваме своето битие и име.