Зa ИМЕТО

Македонскиот народ е со континуитет од појавата на името Македонија и се дури постои ова име на оваа земја


И под туѓинци во минатото ( макар имало и во иднина ) ,македонскиот народ си ја задржал и ќе ја задржи суштина на постоењето – сопственото име.
Народи доаѓале и оделе како поробувачи и минувачи, македонскиот е постојано со - Македонија. Постојано, заради постоењето кое е пред секоја логика на непостоењето ширена од туѓите пропаганди.
Оваа логиката на "непостоењето"ја разгледувал и Аврелие Августин преку сопственото – постоење. Се запрашал дали не е целиот човечки живот лага, па да и самиот - не постои ами е некаков привид, а се е измама.
Но заклучил дека ако се мами, тогаш – постои, бидејќи како може да се мами и да биде во лага, ако не постои ? Августин со предпоставена лага, дошол до непретпоставена вистина за своето постоење. Од овде и познатата теза – "Ако се мамам, значи постојам", што кај Декарт е – Мислам , значи постојам.
Дека Августин навистина постоел и нему и нас ни потврдува неговото име со кое се потпишани неговите дела и мисли. Неговиот лик и не го знаеме но името ни кажува за кого се работи, па суштината на постоењето е во – името. И токму исто е и со нашата суштина на постоење, почнува од личното име на кое се одѕиваме од раната детска свест, па оние на родителите, роднините, пријателите и др. имиња со кои се легитимират. Овие имиња ги врзува едно име – Македонија.

  Во сегашноста, се јавува т.н.р “проблем” со името, иако Македонците како засебен народ и земја, токму со ова име се уште во V век п.н.е кај првиот релевантен историски извор – Херодот.
Херодот и луѓето од тоа време (и по нив - Тукидид, Диодор, Полибие, Плутарх, Аријан, Страбон, Јустин, и др. ) се во предност пред ова време, зашто пишувале за тогашната фактичка состојба со што ги рушат манипулациите на сегашноста.
Припадноста се разграничувала со име, без селектирана реалност, се држело до своето име а туѓото може и се презирало но не се бришело и својатало.
Толку ги истакнувале разликите ( “Филипки” – Демостен ) што очајни се денешните експанзионистички тези. Грците се под такво ропство од Македонците што Римјаните се сметаат за ослободители (Плутарх : “Римјаните го поразија кралот Филип V во Тесалија и ги ослободија Хелените од Македонскиот јарем “).За посебноста на македонскиот народ низ средниот и новиот век пребројна е документација а премал е просторов.
Денес пак од разни страни ни се поставува исполнување на разни барања а за признавање на уставното ни име (Бундестагот своевремено). Се треба да исполниме за она што и онака е наше , имено – нашето уставно и историско име. Ова е исто како да се услови и Германија со барања само за да ја именуваме како што се именува – СР Германија. Кој е тука – лудиот ?