За црнилата и чистотата

На бел костум и најмала дамка се гледа, додека на црниот не се гледа нити најцрната


.Токму затоа негаторите на македонскиот народ прават се да ни го потемнат и зацрнат разумот, сеќавањата и доказите за нашиот опстој. Што повеќе дамки и нејаснотии ни прикажат пред светот ,тоа поблиску се до целтта.

Во здрава средина и една единствена дамка, еден упад, предизвикува вознемиреност, тегобност, револт и општа мобилизација. Но во темна и валкана средина со погрешни мерки, разјадена од корупција и присутни пропаганди , “уфрлениот ѓавол” е неприметлив. Тој влегол и работи а да тоа средината не го ни забележува и самата навикната на – црнилото. Нашите негатори сметаат на ова, па ги користат сите транзициско-економски слабости низ кои проаѓаме како народ и земја, на преминот од еден во друг систем

Во Македонија има навала од “независни” агенции, НВО –и, медиуми, политичари, советници и душегрижници за се и сешто ( со чесни исклучоци ). Се случуваат нарачани анкети од Грција ,регистрации на паралелни цркви на Србија и работа на секакви секти кои пак треба да го дорасцепкаат верското врзувачко ткиво на македонскиот народ – кај православните со протестански секти а кај муслиманите со вехабизам или претопување во Албанци и Турци.
Но особено интересни по безмерната глупавост и инает во затемнувањето на нашата свест за историската фактичност, се кој не ако не нашите "мили "соседи – Болгарите. И пак со истите фалшиви историски блеења , малку во поново пакување но сепак – исти. Кутрите ,колку мизерно и бедно ќе изгледаат ли само по се што ќе го видат на сајтов.