СТОЈАН ХРИСТОВ - Државник на САД

Стојан Христов - писател, новинар, публицист, сенатор и војник на САД и МАКЕДОНЕЦ по род. Роден во с. Кономлади, Костурско , Егејска Македонија на 01. IX. 1897 г. од татко Христо и мајка Митра (Котевска) Наумова.


- Татко трговец и мајка домаќинка (земјоделка). До својата 13-та година живее во родното место.

- 1911 г., со чичко му и др. соселани ја напушта Македонија и оди во САД. Мајка му е почината, татко му е против одењето, но Стојан е зафатен со “Американоманијата”.

- 1912 г., година потоа, Македонија е под ропство од нови завојувачи -Бугарија, Србија и Грција. Со изговор гонење на Турците од Балканот, си прикрпија на границите, делови од Македонија. Делот каде живееше Стојан – Егејска Македонија, го граба Грција во чиј состав е и денес и со кој Грците денес му го “докажуваат своето Македонство“ на светот(?!).