Македонска тајна на успехот
Токму во начинот на практикување власт е тајната на успехот за историската нужност да се создаде, постои и развие до највисок степен македонската држава.
Тајната е и во тоа што македонската монархија со својот специфичен начин на практицирање власт не се витопери во тиранија. Власта над македонскиот народ не се остварувала со моќ и страв, туку со сила на согласноста и на разумноста во одлучувањето, за разлика од власта над освоените народи. Македонскиот начин на владеење не го опфаќа само кралот но и поширокиот круг советници, дворјани, принцеви, базилеи и пријатели врз кои се потпирал при носењето државни одлуки. Тие пак од своја страна како рамноправни учесници во распавата, представувале Советодавно тело на кралот.

Дворјаните сепак биле свесни за повисоката положба на кралот и неговата улога во државата, но тие се и негови пријатели кои во средбите го поздравувале со поклон и симнување на капата како воспоставен кралски протокол и владеечки манир. Оваа хиерархија постои на индиректен начин и неа ја почитувале дворјаните и аристократскиот слој. Не чуди што на македонскиот двор постои и единствената титула пријатели на кралот, која не се добивала по наследен пат, но по заслуги што е уште една специфичност во однос на другите монархии во светот.