ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Британскиот  интерес за Македонија почнува  рано - пред Наполеоновите војни, со емисари- истражувачи во мисии


Најпознат е Вилијем Mартин Лик (Wiliam Martin Leake, 1777 – 1860), воено-политички експерт, археолог, филолог и истражувач. И не случајно истражува во Македонија, цел му се - стратешката важност, комуникациските потенцијали, културните и археолошките како посебно важни. Но тој е и во мисија да го привлече на Британска страна одметнатиот Али Паша Јанински како и др, а со цел парирање на Наполеон и Јадранско-источната политика. Лик остава богата библиографија за Македонија, од која многу Европски истражувачи ке црпат информации и анализи. Особено се важни неговите енциклопедиските прирачници и биографски речници. Прилози –

Е. Курциус (E.E.Curtius, Wiliam Martin Leake und die Wiederentdeckung der Klassischen Lander.- Preussische Jahrbucher 38 – 1878, 242-252 ; I vo – “ Alterthum und Gegenwart “, Vol. II, 305 – 322), потоа на Ј.Е. Сандис (J.E.Sandys, A History of Classical Scholarship. Vol. III. Cambridge 1908, 442 – 443 ) како и В.А. Погорелов ( Даниловијат четиреезичник. Сб БАН XVII/11 – 1925, 2 – 48), но и на мн. др. подоцна како Поленаковик.

Британскиот музеј и фактите за македонскиот народ

Еден од најголемите музеи во светот е - Британскиот музеј (Британската библиотека) , основан во 1753 г. со значаен фонд документи од историјата на Македонија и македонскиот народ. Стратешкиот интерес во Македонија, Британија го потврдува со својот прв конзулат во 1717 г. во Солун, па во Битола - 1851 г. и Скопје – 1854 г.

Конзулите со специјални препораки од Форин Офисот за интерес кон културно-уметничките блага, прават познати археолошко-историски експонати и денес да ги красат витрините на музејот , и др. колекции. Музејот има обемна патеписна документација за Македонија од XVII, XVIII и од XIX век но и хроники со историски случувања.

Британскиот музеј ја има сета објавена конзулатска документација од Македонија. Особено интересна е преписката на конзулите со амбасадата во Цариград, како и приватните преписки, кои во многу случаи немале врска со официјалната политика или извештаите .Со необјавениот материјал од официјалниот Архив на Британија (Public Record Office) тие се првокласен материјал за политичката, економската и културната историја на Македонија. Музејот поседува и обемна збирка од Британскиот печат, со можност за следење историски настани во Македонија. Над 5 000 000 книги и значајни дела за Македонија кои постојано се надополнуваат со нови.

Британската библиотека(The British Library) и Архив на Британија (Public Record Office) во Лондон има важни историско-книжевни материјали од историјата на македонскиот народ. Хронолошки и предметно тие се: 

Македонија во збирките на ракописи
– Исечоци од историјата на Македонија – ракописи и документи на Париската Национална библиотека (Notices et Extraits des Manuscripts de la Bibliotheque National), a во посед на Британската библиотека.

Во Етиопскиот текст од хрониката на Жан, епископ на Никеја 
Во втората половина на VII век, забележани се завојувањата на Александар Македонски , "синот на Филип Македонецот" ("...Alexandre, fils de Philippe, le Macedonien..." - ова се среќава пак во иста форма и ракопис .. – Notices et Extraits des Manuscripts de la Bibliotheque National.Tome XXIV Paris 1883 – Chronique de Jean, Eveque de Nikiou. Texte Ethiopien, 396).

Историски пролегомени (Prolegomenes Historique) на Ибн Калдун (D`Ibn Khaldoun)
Арапски патописец од XIV век, се фрагментирани податоци за тогашното именување на Македонија. Текстот е завршен во – 1394 г. (1 година пред смртта на Крале Марко) и во него Македонија се именува како - "Makedouniya “ (Le pays de Macedouniya/ la Macedoine - Notices et Extraits des Manuscripts de la Bibliotheque Imperiale. Tome XIX. Paris – Prolegomenes Historique D,Ibn Khaldoun , III – V, 133). 

Документи на Британската библиотека за – "Ладислав од Македонија
За неговите предци и др. Македонци. Универзитетот во Сегедин (Acta Univerzitatis Szegedinesis) на основ бројната документација , во 1958 г, издава две изданија за делото и наследството на Ладислав од Македонија (Ladislai de Macedonia).

  Првата публикација 
- подготвена од И.К.Хорват (I.K.Horvath) и К.Е.Обермаер (K.E. Obermayer), е за делото на Ладислав од Македонија (De vita operibusque Ladislai de Macedonia. Szegedini 1958 , Acta Univerzitatis Szegedinesis.). При ова за потеклото на Ладислав, се наведува дека тој - "E МАКЕДОНЕЦ " и потекнува од Македонија ( "NATIONE MACEDONICA – ORIGEIEM MACEDONICAM").

Се врзува со фамилијата – Петруш (Petrus), од XV век како трет по редот по: Петре (Petri di Macedonia) и Никола (Nikola di Macedonia).

Се вели и дека Ладислав е роден во 1479 г. а се стекнал со високо црквено достоинство служејќи 1520 г. во Полска, па во Белград и Сирмиум (Сремска Митровица).Овој важен документ докажува дека уште од почетокот на XV век има луѓе со Македонска национална свест, што пак особено се гледа од втората публикација или – "ЛИЧНИТЕ БЕСЕДИ НА ЛАДИСЛАВ МАКЕДОНСКИ".

  Втората публикација 
- го опфаќа наследството на Ладислав од Македонија и е редактирана од И.К.Хорват и Л.Валачкаи (L. Valaczkai) и ги дава неговите беседи (Operationes Ladislai de Macedonia, Szeged 1964). Има неколку негови беседи од кои особено е интересна Првата беседа (Opratio I./ decembris 1522 /).

Нa корицата од беседата стои дека е посветена на: “БРАЌАТА МАКЕДОНЦИ - 1522 “ ( "FRATRES MACEDONES -1522") . Во беседата е историјата на Македонија со почеток од Александар Македонски и насекаде се поимите Македонија (Macedonia) и Македонците (Macedones), кои се разликувале од Грците (Graeci), Далматинците (Dalmatae) и Илирите (Illyrici). (Ј.K.Horvath, L.Valaczkai (Ed.), Operationes Ladislai de Macedonia. Szeged 1964 (acta Univ. de Attila Jozsef Nominatae VI) 8. De vita operibusque Ladislai de Macedonia. Szegedini, 1964. 

Драми со тема од историјата на македонскиот народ
Теми со мотиви од Македонија и историјата на македонскиот народ, често се користени во Европската драма и литература уште од XVI век наваму. Најчеста тема е животот на Александар Македонски, кралското семејство и Македонците, за време но и по распадот на Македонската империја. Во Британската библиотека такво е делото со наслов: “Le Regie di Macedonja“, претставено во “Teatro del Falcone “, во Џенова, есента 1706 г. Драмата третира теми од историјата на античка Македонија и македонскиот народ. Особено периодот по смртта на Александар Македонски, со заплети и сцени од дворот на Македонското кралско семејство. Именувањето на Македонија е интересно со: “Macedonja”, како многу карактеристично, дотолку што е јасно поврзувањето на античка Македонија со тогашната Македонија. (Le Regine di Macedonia. Drama per mysica. Da rappresentarsi nel Teatro del Falcone l`autunno 1706. Dedicato allee Dame, e Cavaglieri di Genoua,99 , BM 638. c . 29 (2)).

Публикации од страна (Француски) од XIX в. , за Македонија и македонскиот народ
Слично како и предходните драми и овие групи Француски публикаци, ги врзуваат античките Македонци со Македонците од времето на публикациите. Тие го согледуваат периодот по смртта на Александар Македонски и целата генеза за македонскиот народен опстој до Илинденското востание. Гледани се низ тогашната политичка димензија и интерес кај француската јавност за настаните во Македонија. Овие Французи како да сакале да го покажат мостот меѓу величествената античка Македонија и страдалницата од нивното време. Токму во Британската библиотека добро е се опфатено низ публикациите од 1800 г. со наслов – “La Macedoine ou Melanges de literature, sciences et arts (puis Macedoine a la Rumfort Journal – Mai, Juin 1800. Paris; BN Z, 18135/36), потоа во 1819 г. со нови дополнувања публикацијата “La Macedoine liberale, ou faits, evenements, recits, anecdotes... brochures et ouvrages publies depuis six ans.Avec deux jolies gravures. Paris 1819 ( BL 12. 314,ee.20 ) .”Toa е всушност збирка на различни текстови и политички памфлети додека од 1859 г. има збирки на песни под наслов“ Macedoine Lilloise. Recueil de Chansons en Patois de Lille. Par les meilleur Auteurs. Lille 1859, 79 (BL 11.481. ccc. 3613).

Mакедонски книжевни и др. творби
Интересно е што во Британската библиотека (порано Британскиот музеј), повремено се испраќале творби од македонските дејци. Тука се -

Зборникот на браќата Миладиновци
(1 Издание) во фондот на музејот заведен на 8 февруари 1869 г. (печат – рег. на стр. 542, - 8. ЕF. 69). Заведено е и 2 Издане на Зборникот со печат рег. на стр. 548, - 19. Ар. 95 и од 19 април 1895 г. Британската наука го користела, како Р.Морфил (W.R.Morfill) во општата историја на словенските литератури од 1883 год. (W.R.Morfil – Slavonic Literature. London 1883; The Brothers Miladinov 125- 127, 127- 128), а се среќава и во публикација за народни творештва од 1904 год (The Shade of the Balkans. London 1904, 38- 42.)

Прегледот на светогорските древности од К.П. Димитриевич
- Петкович ,како прилог на 6 том од Записките на Императорската Академија на Науките од Санкт Петербург – 1865 г. но и како одделен отпечаток под наслов – “Обзор Атонских древностеи “. Се наведува дека е печатен по налог на Академијата од 15 март 1865 г., а Академијата го одобрила на посебно заседание од 15 декември 1864 г.

За македонцките работи од К.П.Мисирков
заведено под сигнатура – BL 8027. de 36 и со формат 21 х 14,5 и со печат на задната стр.- “ British Museum, 17. Ap. 1905 . Она што се дознава од инвентарните книги (др. документација е уништена за време на војната), е дека испраќач е некој – Саратов(?) од Софија во 1905 (The British Library – Reading Room – Enquiry Desk). Дали е можеби – Сарафов (сличноста на буквите – t и f , при ракопис - ?), особено ако се знае дека тој го посетува Лондон а има и преписки со – Балканскиот комитет, кој го формира лично во Лондон, засега е енигма. Како и да е ова важно дело за македонскиот народ, кое добро ги разјаснува пропагандите и аспирациите на сосетките на Македонија, Британската јавност го запознала. Таа пообјективно ја согледува вистинската димензија на пропагандните удари врз македонскиот народ. Личноста на К.П. Мисирков творецот на делото, Британците добро ќе го запознаат уште август 1903 г. кога “Тајмс“ (The Times) и др. најважни Британски весници објавија за убиството на Рускиот конзул во Битола , А. А. Ростковски, во чија придружба беше и К.П.Мисирков. Мисирков е очевидецот и разјаснувачот подоцна на убиството на Рускиот конзул .

Во библиотеката се и обилни податоци за – Гоце Делчев...