Грчки фалсификати

Јануари 1993 г., Премиерот на Грција Мицотакис во Кутлеш (Вергина) Егејска Македонија во пламен говор од “лице-место” ја “потврди “ историската вистина дека Егејска Македонија од секогаш била - Грчка (?!). Но која е вистината?


 ФАКТИ 1– Се до 1913 г. НИКОГАШ низ историјата НИТУ ЕДЕН ГРЧКИ ВОЈНИК НЕ ПРЕЧЕКОРИЛ северно од Олимп и р. Бистрица. Македонија и од Каран (околу 800 год. п.н.е ) па се до “Славјаните“ НИКОГАШ НЕ БИЛА ГРЧКА, ниту во која било форма влегувала во состав на Грција (Елада).
Знаејќи го ова, Мицотакис и историчарите му, политичарите и пријатели од Запад и Исток, се вртат кон античките Македонци, за кои си “утврдија” дека и тие биле Грци, за преку нив т.е ПОСРЕДНО ,да докажат дека Македонија е – грчка(?!)

ФАКТИ 2.- И според тогашните културни работници – поетите но и СПОРЕД ИСТОРИЧАРИТЕ МАКЕДОНЦИТЕ И ГРЦИТЕ СЕ – РАЗЛИЧНИ НАРОДИ.
Поетите се огледаат и низ пишувањето на Хесиод кој во – 700 г. п.н.е пишува:
“А таа, ќерката на Девкалион,
од Зевс, молнољубецот,
роди сина два: Магнит и Македон – коњаник, воин..
Втората ќерка на Девкалион
Роди исто така сина два:
Грејк и Латин...“
Очигледно според Хесиод Македонците, Латините и Грците се во некоја сродност, НО НЕ СЕ – ИСТИ!!!

Историчарите пак низ историските факти, кои велат дека:
Александар I (498 – 454 п.н.е) за услугата кон Хелените пред битката кај Платеа (479 г. П.н.е) го добива ПРЕКАРОТ – “ ФИЛХЕЛЕН“!!!, што во превод значи – ПРИЈАТЕЛ ( ФИЛ ) на ХЕЛЕНИТЕ. Од овој ИСТОРИСКИ ФАКТ се наметнува прашањето – Како може – ГРК ДА БИДЕ ПРИЈАТЕЛ НА ГРЦИТЕ?!

Особено ако се има предвид дека Хелените (Грците), Македонците насекаде ги идентификуваат за – ВАРВАРИ Историчарот Кито е КОНКРЕТЕН пишува:
“Кога ќе се рече Македонец, треба да се разбере Варварин, КОЈ НЕ ГОВОРИ И КОЈ НЕ МИСЛИ ГРЧКИ“ (Демостен пак да не го ни спомнуваме).

Највисоките заеднички тела на Хелените, СЕ НЕДОСТАПНИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ, токму заради тоа што МАКЕДОНЦИТЕ БИЛЕ СМЕТАНИ ЗА ВАРВАРИ И НЕ-ХЕЛЕНСКИ НАРОД. Дека ова Варвари не е употребувано во омаловажувачка смисла но нацродносна е и фактот што колку и да војувале меѓу себе останатите Хеленски државички, НИКОГАШ не се нарекувале – Варвари за да се омаловажат. Атина и Спарта кои најмногу меѓусебно се судруваат, НИКОГАШ не се нарекуваат Варвари. Но да ги видеме сега нивните заеднички тела и инстируции ..
Во Ампфихтионскиот Совет во Делфи – највисокото Хеленско тело во тоа време, НЕМА САМО МАКЕДОНЦИ. Дури откога Филип II ќе ги порази Фригијците со сила на победник обезбедува 2 гласа но неговите представници биле представувани според градовите од кои доаѓале и племенската припадност, за разлика од Хелените. Помпеј Трог пишува:
“На Ономарк Тиванците и Тесалците како свој водач не му спротивставија некој од своите сограѓани, туку МАКЕДОНСКИОТ ЦАР ФИЛИП и така доброволно му ја отстапија НА ЕДЕН СТРАНЕЦ власта“.

И не само Политичките тела но и културните институции и настани се ЗАБРАНЕТИ за Македонците како – НЕ-ХЕЛЕНИ, но Варавари. Така познато е дека ним им е забранет пристапот на Хеленските Олимписки игри заради што овие организираат свои – Македонски игри. Првпат му е дозволено само на Александар Филхелен, а заради помошта од него, но и тоа е политички преснетан потег на Хелените.
(Извори –“Време минато, време сегашно“ Јован Павловски, МИ-АН,Скопје,2002 г.)