Историја на Тракија

Тракија е постојано дел од Македонија и во антиката но и во средовековието толку многу што често и самата го носи името – “Македонија” или ова име и е давано како тематско дури и кога на вистинската Македонија и се давани други тематски имиња.


- Во антиката таа е во состав на Македонија се до самиот крај на Македонската држава во 167 год. кога паѓа под Римјаните. Подоцна Римјаните ке ја ставаат во различни теми најпрвин во составот на темата – Мезија а кон крајот на 7 век Византија ја прави како посебна тема Тракија за одбрана од Бугарите од север. Но особено долго ќе биде под темата Македонија - цели 6 века. Денес се смешни Бугарските инсинуации за бугарски карактер на Македонците од само некакво нејасно и моментно доаѓање на ханот Кувер во 7 век , што сека ние да ка-ема за 6-вековното ставање на Тракија под Македонија. Дури има поцврсти историски факти кои ни даваат за право Тракија да ја сметаме како македонска земја.

Особено што за оваа област има и други историски факти кои негираат било каков Бугарски карактер, зашто иако со векови Тракијците опстојувале како засебен народ но и многу поблиски во минатото биле до Македонците одошто до новодојдените Азијати - Бугарите. Историски факти за ова има безброј од антиката но и многу подоцна.
Патеписецот Саломон Швајгер во своите патеписи од 1577 г., западна Тракија ја нарекува – “Македонија” а Пловдив “метропола на Македонија”, што ќе рече дека дури и во 16 век Тракија ја сметале за дел на Македонија. Ако историјата ја разбираме како Бугарите, тогаш треба со полно право Тракијците да ги сметаме за Македонци ?! ( М.Т.Блох - Саломон Швигер и неговите белешки за патувањето му през Блгарија- Иследванија в чест на Марин Дринов , Софија ,1960, 312).

- Тематското име – "Македонија", Тракија го носи се до падот под Турците во 1453 год. Под Турска власт Тракија е до 1913 год. За овој период единствена некаква слобода Тракијците доживуваат со Руско-Турската војна 1877 – 78 год. кога Русите завземаат делови од Тракија и ги држат привремено но подоцна со Договорот се повлекуваат.

- Тракија особено страда во Балканските војни кога доживува тешки разорувања, ѕверства и пљачки од судирите на оние кои се грабаа за нејзе – Бугарите, Грците, Србите и Турците.

- Со Договорот за мир потпишан во Лондон 1913 год., Турција се одрече од сите Балкански делови западно од линијата : долен тек на р. Марица – Мидија, а Бугарите ја запоседнале Западна Тракија . Во II Балканска војна Турците ја повратиле целата источна Тракија . Со Нејскиот мир од 27.IX.1919 год.најголемиот дел од Западна Тракија и припаднал на Грција а само помал дел задржала Бугарија.

- Тракија страда и за време на I Светска војна особено 1915 – 1916 год. во јужниот дел, на Галиполскиот полуостров и Дарданелите, каде се водени операции од широки размери помеѓу сојузничките и Турските сили ( Дарданелска операција ). Во II Светска војна Тракија во состав на Грција е окупирана од Германските фашистички единици.