Тракија ( Одринско )

( Турс. Trakya,  Гр. Thraki,  Буг. ТракиR, Мак. Тракија )

 


-          Област на крајниот ј/и дел од Балканскиот полуостров. Се простира меѓу р. Места и изворишниот дел на р. Арда на запад и Босфор на исток од североисточните Родопи,  Браница (856 м) и Истранџа пл. (1031 м) на север и Егејско море – Дарданели – Мраморно море на југ.

-          Се протега на правецот : запад-исток околу 358 км., на правецот: север-југ најширока е во централниот дел : околу 142 км. а во пределот на Цариград ( Истамбул ) околу 27 км.

-          Најголемиот дел од Тракија денес и припаѓа на Турција ( 23 623 км2), помал дел на Грција ( 8534 км2) а најмал на Бугарија .

-          Тракија се дели на – Источна и Западна Тракија. Источна Тракија го зафаќа Европскиот дел на Турција а Западна Тракија делот на североисточна Грција помеѓу р. Места и р. Марица и Грчко-Бугарската граница.

-          Во Бугарија Тракија ги зафаќа главно јужните ограноци на Североисточните и Југоисточните Родопи јужно од р. Арда.

-          Рељеф – Тракија е претежна низина, со ниски на места и средни планини, ја чинат јужните oграноци на Североисточните и Југоисточните Родопи во Бугарија а делумно и во Грција , кои во реонот на пристаништето Александропулос се спуштаат до самото море.

-          Во с/и Турски дел од Тракија, се простира Истранџа пл., а долж западниот брег од Мраморното море ниската пл. Текирдаг ( 945 м.)

-          Морските брегови се воглавно ниски, со исклучок на помали одсеци во Грција и долж Мраморното море , каде планинското земјиште паѓа стрмно во морето. Најголем залив е Сароски.

-          Речната мрежа е густа . Најголеми реки се - р. Места, р. Марица, р. Тунџа и р. Ергене.

-          Клима – во приморјето и речните долини климата е Средоземна, а во планинските  предели умерено континентална . Средна температура од најладниот месец ( јануари) изнесува  4 C – 5 C степени а најтоплиот (јули ) 25 C - 26 C степени, со годишни падови на дожд од 500- 600 мм.

-          Земјоделството е главна производствена гранка со одгледување на житарици, некогаш тутун а денес и други современи агро-култури.

-          Сообраќајот е усмерен претежно на правецот запад – исток заради поволната географска позиција на Тракија на приодите од ј/и Европа во Азија и од Егејско во Црно море.

-          Низ Тракија минат главните комуникации (железнички пруги и автопати ) кои водат на правецот : Моравска долина – р. Марица – Истамбул – Мала Азија, како и комуникациите на правецот : Моравска долина – Вардарска долина – Солун – Истамбул – Анкара.

На правецот север – југ најважните патишта водат на правецот по долината на долниот тек од  р. Марица кадешто Тракија се приближува кон Азиското копно во Дараданелите на само 0,7 нм и Босфор на 0,39 нм, па од нејзината територија стратегиски е многу погодна за контрола на важните пловни патишта кои водат од Егејско во Црно море.

-          Жителите на Тракија се главно Тракијци, Турци, Грци, Бугари и  др. Најголеми градови во Источна Тракија ( Турција ) се – Истамбул и Едрене а во западна Тракија ( Грција) – Александропулос, Комотини и Ксанти.