За револуционерот

Револуционерот не одбира кога и каде ќе се роди. Не одбира ни меѓу кои луѓе ќе живее и го помине својот живот.


Но времето во кое се раѓа, земјата што ја добива за своја татковина и која на крајот ќе го прибере во утробата од која го зачнала (нејзината историја и територија, нејзините проклетства и подвизи), луѓето за кои се бори и порева (страстите им, усвитеноста, омразата и љубовта), се во многу клучни за животниот пат на револуционерот.

- Не сите се раѓаат во градовите и селата ниту во татковината на револуционерот, ниту пак тој мора да е роден во земјата за која се бори и го живее историското време.

- Има Македонци родени далеку од огништата на татковината но кои го изодиле патот на македонски револуционер. Зашто жарот, свеста и поготвеноста за конечно кршење на вековните пранги со кои е окован македонскиот народ, кај нив некој ги всадил сеедно оддалеченоста, но и растеле со таложењата на искуства од тој пат.