Грчки мерки пред 1912 г.

Грчкиот Конзул во Серез – Антонио Санктурис, најдиректно предупредува во своите извештаи за непосредните последици од разрешувањето на аграрното прашање во врска Грчките претензии за Македонија.


-Зачудувачки се овие Извештаи по автентичната аналитичност и луцидна предвидливост - Санктурис пишува :

- “Главно преку митинзите, како и со други дејствија, влијанието на Сандански е сериозно пораснато. МАКЕДОНЦИТЕ го сфатиле како нешто сосема реално големиот и пеколен план на аграрното прашање, чијшто успех ќе биде за нив вистинска победа, а за нас конечен пораз. МАКЕДОНЦИТЕ, имајќи го предвид и она што станува со другите држави, така ги дотерале работите, што му дале на аграрното прашање во Македонија национален карактер. И еднаш остварениот план на Сандански, како што на жалост покажуваат работите, последиците ќе бидат ужасни. Ако некој друг настан, било војна или согласност на Европските сили не го реши македонското прашање во наша полза, според мене, нема никакво сомнение дека разрешувањето на аграрното прашање ќе го подготви кеајното разрешување на македонското прашање“.

- Анализата на Санктурис е блескава потврда за вродената реалност на Сандански и неговиот пристап кон разрешувањето на македонското прашање.

- Сандански увидел дека револуцијата е незамислива без разрешување на аграрното прашање како најважно за македонскиот народ. А земјата е неговата душа, тоа го знаел и Санктурис, затоа се ужаснува и од саматa помисла на правилно разрешување на аграрниот проблем .