БЕРЛИНСКИОТ КОНГРЕС

МОЛБА ДО БЕРЛИНСКИОТ КОНГРЕС од македонските емигранти во Србија – 12 јуни 1878 г.

 


Молбата е испратена преку Сава Дечански – Претседател на Одборот претставници од Стара Србија и Македонија во Кнежеството Србија. Меѓу другото се бара и Автономија за Македонија ако големите сили не дозволат засебна и обединета држава – Македонија. За ова во Молбата се вели :

“ Ако пак околности денешни не допуштајет да се наше отечество сојединит у једна држава с остала браќа, то те молим, да на Конгрес представиш наша жеља и топла молба да се на наша земља да автономија со христијански губернатор, така да не бидит неправда на народности. “

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ЗА – РЕФОРМИ ВО ТУРЦИЈА

Европската Комисија за реформи во Турција и е наклонта на Македонија и не само што сака да и даде независност но уште повеќе – таа сака да ја шири. Но залудно оваа Комисија составена од амбасадори на Големите сили акредитирани во Цариград, пробувале во текот на летото 1880 г. да го решат македонското прашање на основ Чл. 23. од Берлинскиот договор со создавање на “Голема Македонија” – како што стои во Извештајот од пратеникот на Србија во Цариград од 17 јули 1880 г. до Претседателот на Министерскиот совет и Министер за надворешни работи. Но и покрај ваквите замисли на Европската комисија, преголеми и побројни интереси ги засенија нејзините замисли и на крајот Македонија остана периферна провинција на Отоманското царство. Тоа бидна благoдарение на нејзината географска и меѓународна позиција, која и донесе само конфронтации и вкрстени интереси на Големите но и малите сили особено соседните Балканските. ( Извор – Архив Србије, фонд Министарства иностраних дела ПО ф II, досије VI бр. 405 / 1880 г. ).