ОД МАКЕДОНИЈА

ОД МАКЕДОНИЈА

 

С.В.,60. 15.(28). I. 1903, стр. 368-369

 

 (писмо од Скопје)


Како Албанците така и Македонците не му придаваат никакво значење на ветувањето на султанот и не веруваат дека така радосно донесени реформи навистина ќе бидат приведени во исполнување.Таа нивна увереност наполно ја оправдува последната вест ,согласно која 250 Македонци што побегнаа есента во Бугарија,во околијата на Ќустендил, а сега сакајќида се вратат во татковината , на границата беа уништени од турските стражи. Таа вест произведе голем впечаток не само во Македонија но И во Албанија. Таа се распространи со брзина И натера многу селани да побегнат во планините.Во таков тон се И другите извештаи од последнита недела . Уплашени од веста за престојните колежи околу 200 христијани , пред се жени И деца, од селата :Влахи , Тросково, Падеж, Сушица, Крумово И Вербна, сакаа да преминат во Бугарија .Бегалците биле забележани од турските стражИ И цел полк се нафрли врз несреќните невооружани. Тогаш 37 луѓе беа убиени…….

………Сиромашните луѓе трпат многу повеќе.Селаните Иванчо Серачев наречен”мудар” од селото Киселица И ЃорѓИ Догазански од селото Селникбеа убиени ,бидејќи кај нив немаше оружје, ни пари.Со еден збор , никој во Македонија не смета дека ќе се подобри положбата ако Турците се остават да ги воведат реформите.”Неспокојните елементи” за кои зборува во нотата на отоманската империја- тоа се мирните селани.Смирувањето на земјата , судејќи по се за турските власти е многу добар предлог за нови насилби………..

 

 

ОД МАКЕДОНИЈА

S.N. 31. 9. II. 1903, стр. 1

……..Исто така и бугарската влада го изнесе своето гледиште за Македонија. Во собранието опозициониот пратеник Страшимиров прашал зошто владата не ги распушти македонските одбори. Страшимиров понатаму тврдел, дека македонската револуција не бара бугарска помош. Востанието не е последица од турското ропство или насилби,но дека станало заради уголемената национална свест меѓу Македонците. Заради тоа револуцијата е упатена , во спротивност на сите реформи. Македонските одбори ја компромитираат Бугарија.На таа антибугарска интерпелација одговорил министерот претседател Данев, дека владата одредила строги одредби и дека тие по потреба ќе ги изведе. На прашање до која точка дошле македонските работи Данев истакнал дека не може да одговори од државни интереси.

 

МАКЕДОНИЈА

 Slovenec 34. 12. II. 1903, стр.2

За движењето меѓу Македонците се известува, дека Македонците не обрнуваат внимание на тоа, ќе им помогне ли некоја туѓа власт или не. Сакаат да дејствууваат со своја тупаница. Свесни се дека сегашните прилики мораат да се променат инаку ќе се потребни реки крв. Од смрт нема страв.Човек што не ги познава приликите , мора да си престави,како е свечена и возвишена одушевеноста во оние македонски кругови што се подготвуваат за востание. Тоа е одушевеност за вистински спас. Готови се македонските херои да умрат за својата татковина.........

 

...........Колку има мобилизирана турска војска ? За тоа известуваат француските извори, дека Турција во прв ред ги мобилизирала војниците во Солун и Одрин. Има мобилизирани 249 баталјона редифи, 99 ескадрона коњаница и 126 батерии. Покрај тоа султанот собрал околу себе во Цариград 95 баталјона и 45 ескадрони.......