СТРАНСКИОТ ПЕЧАТ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

Револуционарните потфати на македонскиот народ во времето и по Илинденското востание, го обрнаа вниманието на странскиот секојдневен и периодичен печат.


Весниците веднаш отвориле специјални колумни: “Македонија”, “Народното востание во Македонија”, “Сеопшта револуција во Македонија “ и слично.Во печатот на различни начини се толкувала настанатата положба со избувнувањето на Илинденското востание и исе потенцирале низа предлози за разрешување на македонското прашање.

За да се запознаат поточно со револуционерното движење на македонскиот народ и за да го следат поодблизу развитокот на настаните пред и по Илинденското востание многу весници од САД и од Европа испратиле не само политички туку и воени дописници во Македонија.

Со голем интерес се следеле во САД извештаите од познатиот дописник на американските весници Линч, којшто во времето на Илинденското востание ја обиколувал Македонија .

Политичкиот коресподент на лондонскиот весник”Дејли Њус”, Џон Макдоналдс во 1902-1903 година престојувал во Македонија ,од каде што испратил низа дописки до својот весник. Во Рилскиот манастиртој отворил и информативен уред. Во ред статии, Макдоналд истакнува , дека Турците направиле од Македонијапекол на земјата1

Воениот коресподент на истиот весник (Дејли Њус) А. Г. Хелс, зел и дирекно учество во македонското револуцуинерно движење,во Серскиот округ, во август -октомври 1903 година .Напишал ред статии за македонското ослободително движење И станал негов голем заштитник.

Во статиите се обрнувал до своите читатели од Голема Британија да помогнат на македонскиот народ. Во една статија истакнал:”Важното е да се поткрепи десницата на борците , да им се дадат средства ; за да можат поуспешно да се борат против турското ропство,зошто со заменувањето на тоа варварско господство, со слобода на Македонците за секогаш ќе И се тури крај на неправдата , на несреќите и крвопроливањето во Македонија и на Балканот.”Неговите статии наравиле голем впечаток во Голема Британија И многу од нив - по соопштението од современиот печат - им биле читани ина учениците во училиштата, кадешто се собирала и помош за Македонија .2

Дописникот на лондонскиот весникТајмсЏемс Баучер, често во своите извештаи од Македонија , потцртувал, декавостаниците се борат против најлошата управа на земјата”.Апелирал до културното човештво да даде помош И да го спаси македонскиот народ.

Со своите дописки од Македонија уште се истакнале И предизвикале интерес во Голема Британија: воениот коресподент на агенцијатаРојтерА. Хамилтон; дописникот наДејли МејлР. Вион; дописникот наМанчестер ГардианХ. Н. Брејлсфорд ; дописникот на шкотскиот весникГлазгов ХералдИ многу други.

И француските весници испратиле свои дописници во Македонија .Од нив особено се истакнале И предизвикале интерес дописките на Пиер Гифард, редактор наМатенИ наФрансез” .

Исто така интерес во Италија предизвикале статиите на италијанскиот публицист Вико Мантегаца.Тој во 1902-1903 година доаѓа во Македонија ,со цел да го проучува македонско револуционерно движење . Испраќал статии на весниците : Ла Национале “, Ил кориере дела сереи на други.3

Со релјефно И реалистичко опишување на настаните во Македонија , забележителни се статиите на Франц де Јесен, редактор на весникотНационал Лидендеод Копенхаген.Пред и во време на востанието обиколувал низ Западна Македонија ,откаде испрачал до својот весник потресни впечатоци. Во статијатаСред ужасотод 3 јули 1903 година, во маркантни ни ја опишува неподносливата положба во Македонија И со топло чуство зборува за борците за слобода. Франц де Јесен пишувал:” Тие не се разбојници , нити дивјаци, но интелегентни, образовани луѓе,преставници на моралната сила на земјата; луѓе во се слични на нас И луѓе што се пожтрвувале за една возвишена идеја.Ако тоа што го извршиле тоа прегрнувајќи ја смртта И паѓајќИ сите до еден, без да помислат да се предадат ,не се наречува хероизам, тогаш јас не ја разбирам смислата на тој збор. 4

Настаните во Македонија зазедоа видно место И во југословенскиот печат.Некои српски весници имале свои дописници во Македонија .Хрватските весници често објавувале писма на Хрвати ,што живееле во Солун. Тие како очевидци рејлефно ја оцртувале положбата во Македонија .При крајот на 1903 словенечките весници :”Словенец” , “ Словенски народиЕдиност”, имале постојани дописници од Македонија.

Весниците објавувале интерессни соопштенија И тоа изворни материјали за положбата на Македонија.5

----------------------------------------------------------------------- 

 

1 Slovenec 35,13. I . 1903, str.1; Реформи 40, 13, IX, 1903, стр.4.
2 A.G.Hels апелирал за помош и за самите востаници. Меѓу испратената помош се среќава и една помош од 25 англиски лири за 5 пушки.(Реформи 40 , 13. IX. 1903,стр 4; 47, 1. XI. 1903,стр 1; Илинден' 39, 8 . X. 1926, стр 2; Илинден' т. 1, кн. 10, стр 16
3 Впечатоците од Македонија ги изнел и во книгата :”Macedonia" (Marzo-aprile,1903) Milano 1903.
4 Илинден' 31 (1925), стр. 2.
5 Edinost 274, 30. XI. 1903, стр.1 и други.