КАРПЕСТАТА УМЕТНОСТ

На просторот на Република Македонија, во далечното минато, живеле многу племиња кои оставиле трагаи врз нејзиното културно, историско и уметничко наследство.


На просторот на Република Македонија, во далечното минато, живеле многу племиња кои оставиле трага и врз нејзиното културно, историско и уметничко наследство.

Исто така, истражувањата покажаа дека Македонија е една од најбогатите земји со археолошки локалитети уште од времето на палеонтолитот па се до периодот на постхристијанизацијата.

Племиња: Орбељани, Агријани, Меди, Тунати, Дентелети, Калабари, Десарети, Орести, Пајонци и др.,*кои ја населувале територијата на Македонија пред И.Х. и кои морале да остават длабоки културни траги.

Пајонците, кои биле добро организирани уште во вториот милениум пред И.Х., со свој главен град Абидос, Најверојатно се обиделе во праисториската поха својот религиозно-филозовски светоглед да го изразат со посредство на каменот и на карпата.

Пајонците учествувале во одбрана на Троја, коишто Хомер ги нарекува криволаки и со долги копја:

“Криволаките Пајонци пак си ги предводел Пирејхме, од скраја, од Амидон, од широкострујниот Аксиј”

Хомер го опишува убиството на Парахме од страна на Партокло, нарекувајќи го најдобар јунак во бојот:

“Партокло замавна прв со своето блескаво копје

в самата средина баш кај што многу мажи се туркаа,

та што го згодил Пирахме, што Пајонци коњици добри,

од Амидон беше довел од широкострујниот Аксиј;

г' удри по десното рамо, па на теме

овој офкајќи падна во праот, а дружбата пајонска за него стрина:

Партокло заре на сите им спотерал страф, штом го убил

нихниот војвода прв, што бил најарен јунак во бојот”;

Друг Пајонски војнички предводник од земјата на широкострујниот Вардар бил Астеропај, син на Пелагон (и денес во Македонија постои област под име Пелагонија) Астеропај е храбар борец и вешт војсководец, за кого славниот Хомер пее:

“Тогаш синот Пелеев со своето предолго копје

н' Астеропаја се фрлил да г' убие сега пекајќи,

-----------------------------------------------------------------------

На него навалил Ахил, а тој пред реката стоел

напред со две копје в раце; во срцето смелост му влеал

----------------------------------------------------------------------------------

“Кој и од каде си: што си м' излегол пред мене смело?

Чуда од несреќни зар ја обидуваќ мојата сила?”

Светлиот син пелегонов му одвратил потоа нему:

“Зошто за рода ме прашаш, еј пресречен сине пелеев:

Јас од Пајонија сум, од далешната грутчеста земја;

Пајонци мажи си водам со предолги копја, што сега

единаесетта зора ми е, како дојдоф во Илиј.

Родот пак мене ми е од широкострујниот Аксиј,

(Аксиј што нашата земја со красните води ја кваси.)

што Пелагона го родил, по копјето славен, што вељат,

мене ме родил, но сега да с'удриме Ахиле славен.”

Вака со закана рекол, а дивиот Ахил му кренал

копје од пелијски јасен, но две истовремени копја

исфрлил Астеропај, што бил вешт во рацете мошне;

с'едното копје го згодил, но не му го продупил овој

штитот зашт' златото него го задржа, дарот на бога

--------------------------------------------------------------------------------

Втор јасеновото копје, што летнало право, го пуштил

напред кон Астеропаја, да г' убие него пекајќи;

Туку го промашил него, и погодил висока карпа

-------------------------------------------------------------------------

Тој по Пајонците после, по бојните коњици пошол,

што покрај вирната река растурени уште си биле,

штом си го вишле најарниот свој дека в лутата борба

соборен паднал од мечот под рацете силни на Ахил.”

 

По Астропај, најхрабар јунак во редовите на Пајонците бил Аписаон, син на Хипасос кој бил убиен од Ликомед.

Еден документ од 289/8 пред И.Х. зборува за врските на моќниот Аудолеонт, пајонски владетел со Атина. тој ја помагал Атина воено и економски. Од тие причини Атинското народно собрание донело одлука да го пофали Аудолента и да му подари златен венец.

Нему и на неговите потомци собранието одлучиле да и се даде граѓанско право и да им бронзен споменик на плошадот во Атина.

За големата економска сила, за културата на просторот на Македонија, во средината на првиот милениум пред И.Х., ни зборува и археолошкиот локалитет во селото кнежје, Светиниколско.