ИСЕЛУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПРЕКУОКЕАНСКИТЕ ЗЕМЈИ

Треба да се спомене и фактот декамеѓу двете светски војни од егејска Македонија поради големата тортура врз македонскиот народ се појави иселување и во прекуокеанските земји.


Традицијата на Македонците, посебно од насивните краишта, да одат на печалба е многу стара, а најмногу доаѓа до израз во 18-от и 19-от век. Македонски печалбари најмногу има во Цариград, Анадолија, Египет, Романија, Бугарија, Србија и во земјите на Австро-унгарската империја.

Македонските печалбари се познати како занаетчии, обични работници и ситни трговци. Посебно се истакнувале занаетите: ѕидарство, млинарство, фурнаџиство, слаткарство, бичкиџиство, меаниџарство, правење тули и ќерамиди и во други. Повеќето од овие печалбари своите своите семејства ги чувале во селата, каде што се враќале од време на време, за да ги посетат, изградат куќи, да купат имоти...

Позасилено емигрирање во прекуокеанските земји има и по балканските војни, особено од Егејска Македонија. И оваа појава има главно политички причини. Имено грчките власти, го потпомогнаа емигрирањето на македонскиот народ, кое е особено изразено во првите години на балканските војни. Меѓутоа, поради Првата светска војна, во која по силата на условите од 1916 година се замешува и Грција, ова иселување на Македонците од Егејска Македонија брзо се намалува. Кон крајот на Војната и особено по крајот на Грчко-турската војна и силниот прилов на грчка имиграција од Мала Азија во Егејска Македонија емигрирањето повторно се јавува во засилена форма. Овој пат се појавува новбран на емигрирање и тоа најмногу во Канада и Австралија. Приловот на македонските иселеници во овие земји особено се зголемува по воведувањето на Метаксасовата диктатура од 4 август 1936 година, кога се зголемува и теротот врз Македонците дури до таа мера да грчките власти го забрануваат употребувањето на македонскиот јазик и во своите домови. Се зголемува и бројт на затворени и интернираните македонци, особено поради нивните национални чуства. Овој процес на иселување на македонскиот народ од Егејска Македонија во прекуокеанските земји трае до Втората светска војна , практично до објавувањето на Грчко – италијанската воја од 28 октомври 1940 година.

И покрај сите тортури, принудни иселувања на Македонците од Егејска Македонија, сепак македонскиот народ и понатаму е доминантно население. Но сега во многу типични области каде што во историското минато никогаш не живееле Грци, како што се Воденско, Ениџевардарско, Гуменџиско, Кукушко, Валовишко и други, како последица на принудното и неприродно населување на грчко население во овие области Македонците станаа малцинство. Сепак во окрузите на Лерин, Воден и Костур, процентот на македонско население и натаму остана доста висок и се движеше од 55% во Воденско до 85% во Леринско1.

Таквата состојба и натаму ја загрижуваше грчката власт, затоа што сите дотогаш применети мерки на присилно иселување и асимилација не ги дадоа до крај посакуваните резултати, иако останува фактот дека еничкиот состав ан Егејска Македонија е драстично променет на војните и конвенциите донесени после овие војни, како и денационализаторската и асимилирачка политика на грчкате власти.

1  На овие страници е опфатен бројот на доселениците по околии и населби од што се гледа као точниот број на доелениците, така и на месното население.