МИГРАЦИОНИТЕ ДВИЖЕЊЕ ВО ТЕКОТ НА I СВЕТСКА ВОЈНА

Овој процес на иселување од Егејска Македонија, како и започнатиот процес на конолизирање со емиграцијата од Кавказ и други области, се прекина поради настанатата ситуација,...


повлекувањето на српските војски од Вардарска Македонија и нејзино окупирање, како и на Источна Егејска Македонија од Бугарија и стационирање на сојузничките војски на територијата на Егејска Македонија 1.

Со ова настана нов бран на емиграција на македонскиот народ и тоа во три правци. Незадоволни од српската, а подоцна и од бугарската окупација Македонците од овие области емигрираа во Егејска македонија, каде грчкатите власти во тоа време ги стационираше во пограничните области на Егејска Македонија: Лерин, Сорович, Острово, Виден, Меглен, Ениџе Вардар, Гумениџе, Бојмица, Кукуш.2

Од друга страна пак од Егејска Македонија се јави емигрирање во правец на територијата на Македонија окупирана од Бугарија, при што се избегнува регуртирањето во грчката војска.

Првата светска војна за Грција заврши поволно. Таа се прошири и на Западна Тракија која со Букурешкиот мировен договор и припадна на Бугарја.

Македонците од Егејска Македонија претрпеа нови загуби поради принудни иселување. Од друга страна, на територијата на Егејска Македонија била населена нова емиграција со прогрчки чуства иј број изнесувал околку 100 000 лица3. И покрај овие вештачки етнички граници состојбата во Егејска Македонија и понатаму остан неповолна за Грција. И натаму доминантно население во Егејска Македонија беше македонскиот народ. Ёосвен тоа, еден дел од колонизаторското насеение во Егејска Македонија се состоше со Македонци од Пиринска и Вардарска Македонија, кои иако патријаршисти., во никој случај не им одговараа на Грците.4

1Sarrail general – Mon sommandement en Orient (1916-1918) грчки букви

2Државен архив Србије – Београд, Фонд, Избегличка архива Министерства иностраних дела – Владини комесари

3 грчки букви

4 Голем дел од Македонците – патријаршисти, кои во текот набалканските војни и Првата светска војна под влијанието на големогрчката пропаганда се иселија во Грција, соочени на самото место со вистината дека тие не се и не можат да бидат Грци, како што мислеле, по нормализацијата на состојбата с евратиле во своите домови. Таквите случаи најмногу ги има кај Македонците од Струмица и околината, од гевгелија, Дојран, Битола и битолско. (Лична анкета на Тодор Христов Симовски)