Македонски конституционализам
Од длабината на антиката, кај македонскиот народ e и потребата од конституирање и организирање во своја политичка заедница, низ заедничкото живеење, а со цел да нема анархија и хаос.
Прифаќањето на таа потреба е основниот услов за појава на македонскиот конституционализам до денес. Појавата на македонската античка држава е предвесник на оваа потреба а како модел на единствена централизирана држава е клучно важна за конституционализмот. Не само заради откривање на стариот легитимитет на државата и државноста на македонскиот народ, но и заради откривање на неговата смисла на постоење.

Што ја дефинира и потврдува македонската конституционалност?!

- Македонската античка држава има своја територија.
- Македонската античка држава има своја организирана власт.
- Македонската античка држава има своја царска династија.
- Македонската античка држава има свое писмо
- Македонската античка држава има свој македонски јазик.
- Македонската античка држава има своја дисциплинирана армија .
- Македонската античка држава има свој монетарен систем.
- Македонската античка држава има свои национални симболи.
- Македонската античка држава има своја надворешна политика.
- Македонската античка држава има свој вредносен систем на постоење.

Основите на македонскиот конституционализам во создавањето модел на унитарна држава со управна форма - монархија и форма на уредување унитарна држава на македонскиот народ, со политички институции, македонската фаланга; се препознаваат токму во македонската античка држава.