УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА 1767 г.

“Co оваа моја доброволна и непринудна оставка долупотпишаниот јавувам дека поради тоа што не ми е возможно да ги уредам и поправам потребите на Охридската архиепископија, ...


коишто се јавија една по друга пред нас и во наши дни и им дадоа не мал повод на злосторниците да го напаѓаат името на Архиепископијата и да ги оштетуваат и навредуваат потчинетите на Охридската архиепископија митрополити и нејзината бедна раја, и бидејќи не може инаку да се избави од нивните раце тамошната земја и сиот христијански род, освен преку уништувањето на Архиепископијата - поради тоа имено се откажувам од Охридската архиепископија, освен од мојата поранешна Пелагониска епархија (којашто уште ја имам додека сум жив за своја прехрана и за задоволување на своите потреби).
При таква согласност со моите собраќа свети архиереи се направи и оваа (моја) доброволна и непринудна оставка, којашто треба да се постави во светиот кодекс на Великата Христова црква (и во оној на блажениот ерусалимски патријарх г.Партениј) 1767 г.јануари 16. “Охридски Арсениј ветува.
*Укинувањето на Охридската архиепископија станало по отстранувањето на архиепископот Арсениј на 16 јануари 1767 г, кога тој бил принуден да даде отказ. Овде се дава во целост неговиот отказ од Архиепископијата.