САМУИЛОВОТО ЦАРСТВО – СЛАВИНИЈА

Има многу сведоштва со кои решението северна Македонија да биде наречена како "Бугарија" од страна на Византија, било неприфатливо.


Византиските хроничари (историчари), често се принудени, пишувајќи за "Бугари", да дообјаснуваат дека тоа се однесува на Македонците или на Словените.  Јован Зонара, кој пишува неколку децении од покорувањето на Самуиловото царство, во 1018 г., во својот "Речник", објаснува што треба да се разбере под поимот "Бугарија" ("Славинија-Бугарија" -ГИБИ, т. 7.стр. 17) и тоа кога вистинските области на Бугарите носат други имиња.

Во "Речник" Зонара вели дека ова политичко име на втората македонска држава и било дадено за време на преговорите во 970 г. И не тврди само Зонара за Самуиловото царство, дека е всушност поранешното северно-македонско кнежество Славинија. Византискиот полководец Никифор Вриениј и управник на Драч, гушејќи го востанието од Ѓорѓи Војтех во 1072 г. о своите Спомени, иако го користи политичкото име (Бугарија), морал да дообјасни каков народ живеел овде, па вели:

"Бидејќи Печенезите вршеле препади во Тракија и во Македонија (источна – з.н), племето на Словените ја отрфлило византиската власт и ја пустошело и ограбувало Бугарија. Биле разграбени Ниш и Скопје. (исто, стр. 115).

Човек не запознаен со деталите од политички наметнатото име на Македонците, читајќи ги овие редови, ќе помисли дека Словените од Македонија ја нападнале вистинската Бугарија од онаа страна на Стара Планина. Но, востаниците ги отфрлиле византиските институции во Македонија, ги ограбиле магацините со оружје со цел да се вооружат и ги избркале византиските гарнизони од Македонија. Спомнатите Скопје и Ниш, најмалку биле во вистинска  Бугарија.

По ова Вриениј е управник на цела Македонија а целта е како што вели "..преку него да се смири засилениот словенски народ" (исто, стр. 116).

Од се ова, јасно е дека тогашното име на Македонците не одговара на вистинската им етничката припадност иако византиските хроничари ја нарекувале со име Бугарија, но тоа е само политичко-тематско име.

  * И западните извештаи, докажуваат дека во Македонија никогаш не живееле Аспаруховите Турко-Бугари. Дипломатот Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (за  времето од 980 - 1008 г., т.е. од времето на  Арон и брат му Самуил), во описот за решението на Венецијанскиот дож Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:

"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.н.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348).

 И Јован Ѓакон македонската држава, т.е. Самуиловото царство, ја означува со името што го носела до 869 г., а тоа е - Славинија!

 По добивањето на северна Македонија, бугарската држава  и дала ново име, кое е и за време на тројцата бугарски христијански владетели: Гобор (вистинското име на Борис), Симеон и Петар, т.е. до крајот на бугарското владеење со Македонија.

Современикот на таа епоха и автор на Пространото житие на Свети Климент Охридски, северна Македонија наместо Славинија, ја нарекува -Котокија. Спротивставувајќи се на толкувањата од ова житие, В. Златарски соопштува: "Под 'третиот дел' треба да го разбереме целиот југозападен дел од бугарската држава од времето на Борис (В. Златарски, Историја... т.1., дел 2, стр. 234).

ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ!

* Во "Месецословот",од времето на Василиј II, каде се собрани поголемиот дел од житијата на македонските свештено-маченици, пишува дека: "...четириесетте девици-маченици биле од Адрианопол во Македонија".

 *  Извесно разграничување на двете земји - Македонија и Бугарија, има и во параграфот 17 од Пространото Климентово житие:

 "Климент бил испратен за учител во Кутмичевица и била издадена наредба до сите жители на оваа земја да го примаат светителот со почит...".

До сега не е откриен оригиналот на Климентовото житие и не се знае дали токму вака се изразил хагиографот, нарекувајќи ја својата татковина како "оваа земја" или пак стоело "Котокија" или "Славинија", кое Теофилакт го заменил со "оваа земја".

 * Во делото на Црноризец Храбар "За буквите", современикот на Климентовиот хагиограф, оди подалеку и воопшто не ги ни споменува Бугарија и Бугарите, но зборува само за словенски народ, словенска писменост, словенски книги и словенски писатели. Одвај кон крајот од делото, Црноризец  соопштува дека Кирил и Методија ја создале втората македонска писменост "во времето на грчкиот цар Михаил и Борис, бугарскиот кнез, и Растица, моравскиот кнез... во годината 863".

Изнесените податоци потврдуваат дека на Македонците од западна Македонија во 970 г., надворешни сили (Византија, рускиот кнез Свјатослав и бугарскиот сојузник - Унгарците), но и внатрешната состојба му наложиле на кнез (цар) Давид, доброволно или не, да ги прифати условите на Византија, неговата држава го добива тематското име - "Бугарија", а со тоа и народот  името - "Бугари". Впрочем како и другите пространства  до Мизија .

Во "Историја" од византискиот писател Михаил Аталијат, при описот на востанието од Петар Делјан во 1041 г., за ова политичка зделка од 970 г. се вели:

 "А Мизите, на кои им било ставено името 'Бугари', како сопствено име, кренале бунт..." (ГИБИ, т. VI, стр. 160).

Зошто Аталијат ги нарекува востаниците "Мизи", а не "Бугари" ? Од други византиски дела,  се гледа дека од втората половина на XI век, западна Македонија и навистина е нарекувана како "Нова Мизија".

Еве извадок од спомените на Никифор Вриениј, кој се однесува на походот на Никифор III Вотанијат од 1078 г., каде тој пишува:

"Кога поминал Волерон (низ ј/и Македонија - н.м.), Комнин стигнал до Стримон и откако ја преминал, поминал низ теснецот помеѓу Струмица и таканареченатапланина Мавар (Скопска Црна Гора –н.з.), по што пристигнал во едно село, расположено на некоја река, која на месниот јазик се нарекувала 'Вардариј'. Вардариј извира од планината на Нова Мизија и минува низ Скопје..." (ГИБИ, т. VI, стр. 120).

Византиски историчар - Јован Кинам во својата "Историја", во врска војната на Византија против навлезените од с Унгарци, во 1152 г., го посочува местото на битката како "Мизиска Хераклеја", т.е. Битола (исто, стр. 241).

Овие извори недвосмислено докажуваат дека во бугарското владеење, северна Македонија имала  географско и етничко име, сосема различно од она на Бугарија и Бугарите.

И, одвај во 970 г., при признавањето на Втората македонска држава, Византија му наметнала на кнез Давид ново, политичко-тематско име кое денес се користи за шпекулации од "специјалисти", и од наши заблудени "патриоти".