САМОИЛОВО - ВИЗАНТИСКАТА ВОЈНА БИЛА БРАТОУБИСТВЕНА

За Василиј II  се смета и дека е потомок на етничките антички Македонци, роден во Едрене во тогашната тема Македонија а денешна Тракија, од што и епитетот  – “Македонски” но и прекарот - "бугароубиецот".


Денес бугарската пропаганда го користи прекарот на Василиј за да тврди дека во Македонија тогаш живееле етнички Бугари, но колку е тоа бесмислено, од следното.

* Прво - Самоиловото Царство опфаќало поголем простор од Балканскиот Полуостров. Следствено, во неговата војска имало припадници на многу народи кои биле во состав на Царството. Зарем сите тие се етнички "Бугари", штом се биеле во борбите против Василиј "бугароубиецот"?

Особено ако се знае дека во тоа време под поимот "Бугари" во етничка смисла на зборот се уште се подразбирале само турко-монголските Бугари, кои немале никаква врска со Царството, освен што во него живееле како обични поданици и без никаква етничка врска со населението во Македонија.

* Второ - Василиј II бил наречен "бугароубиец" поради терминот "бугари" (со мало "б") кој во Византија имал навредлива содржина за луѓе "варвари", кои, според хроничарите, биле под културното ниво на развиената и цивилизирана Византија. Затоа така се наречени сите жители на Самоиловото Царство без разлика на етничката припадност. Факт е и што како "вулгари" или "бугари" (варвари) од страна на хроничарите биле наречени дури и Босанците, иако тие живееле далеку од Бугарите. Значи ли дека и Босанците се "бугари", т.е. варвари и простаци штом живееле вон цивилизирана Византија. Значи терминот Бугари не секогаш се употребува како етноним и не секогаш се употребувал во позитивна смисла, барем не од страна на византиските хроничари.

Инаку денес од повеќе историчари во светот Самоиловото царство е наречено како македонско.