МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ БУГАРИТЕ

Во 963 г. во Македонија се крева востание од комитопулот Никола и синовите Давид, Арон, Мојсеј и Самоил, кои се отцепуваат од Бугарија.


Во 968 г. избива војна меѓу Русија и Бугарија, а рускиот кнез Свјатослав ја пустоши Бугарија, но и се повлекува поради нападот на Печенезите на Русија. Ослабеното Бугарско Царство е принудено да се помирува со Византија, а како залог за мирот, царот Петар ги дава своите синови Борис и Роман во Цариград. Во 969 г. умира Петар, што води до безвластие во Бугарија. Византија го враќа синот на Петар Борис II  да ја превземе царската круна, но тој набргу се свртува против Византија. Сега Бугарија е сојузник на Русија против Византија, но доживува пораз од византиската војска, која ја освојува престолнината Преслав. Бугарија доживува пораз и поради ослабеноста од востанието во Македонија. Царот Борис II е заробен и одведен во Цариград, каде јавно му е симната круната и е дадена на чување кај Црквата. По ова Бугарија е завземена од Византија.

Новата пак македонска држава прв ја владее комитопулот Никола  до 968 г. Од 968 до 977 на чело на државата е синот Давид, а по неговата смрт, како и по смртта на Арон и Мојсеј, на чело на државата застанува Самоил.

Дали има потврди дека комитопулот Никола и синовите го кренале востанието  против Бугарите? Историчарите сосема јасно го потврдуваат ова.

 *  ФАКТ – 1. Старата плоча најдена во Поречието, е со натпис дека народот од тој крај го прогласил Никола за светец затоа што ги избавил од бугарското ропство!

 *  ФАКТ  - 2.  Ѓорѓи Радуле Македонец од Бугарија во книгата Историја на Македонија (Софија, 1997) го цитира Енциклопедискиот словар (Брокгауз-Ефрон, Санкт Петербург), објавен во далечната 1896 година, каде пишува: Во 963 година во Македонија избувнало востание, кое завршило со прогон на Бугарите и со основање на сопствена држава.

 *  ФАКТ  - 3. Бугарскиот историчар  Марин Дринов пишува: Денешна Македонија се отцепи од царството на Петар и се формира како одделна држава на чело со Самоил.

 *  ФАКТ  - 4. Во древната Зографска историја, за несогласувањата помеѓу братот на Самоил Давид со останатите браќа пишува: Бидејќи македонските господа не можеа да го трпат мирот, започнаа лошо да зборуваат (против Давид, з. м.). Кога тој разбра за тоа, доброволно се откажа од царствиото и замина во манастир.

 *  ФАКТ  - 5.  Поетот Иван Кириотес уште во тоа време ги споменува Македонците како жители на Самоиловото Царство, а Дукљанскиот презвитер Самоил го нарекува како македонски цар!

 Значи, нема сомнение дека Самоиловите браќа со татко кренале востание против турко-монголските Бугари, т.е. против бугарската окупација на Македонија.Поради ова востание, Бугарија пропаѓа под налетот на Византија.

Самоил во Преспа создава силен религиозен центар, подоцна преместен во  Охрид од што и Охридската архиепископија ( според историчарите тогаш веќе  Патријаршија). Прв поглавар е Герман, вториот е Филип. Официјално писмо во  царството е кирилицата. Самоил е крунисан со благослов на папата Григориј V, со што стекнал и меѓународно признавање. Тој ја наследил бугарската круна, како единствено слободна во тој момент од четирите официјални ( 2  Римски, 1 Германска и 1 Бугарска). Ако Самоил бил етнички Бугарин, својата престолнина би ја сместил во Плиска или Преслав, т.е. меѓу "своите етнички браќа". Понатаму, неговиот татко не би ја носел титулата комитопулот, туку некоја од тогашните турко-бугарски титули (кавхан, боил и сл.).