МАКЕДОНСКОТО САМОИЛОВО ЦАРСТВО

Самоиловото Царство ги опфаќало речиси истите територии на античка Македонија од времето на Филип II Македонски и Александар Македонски ( Европските територии - без Азија и Африка)


Во руски "Словар" објавен во 1896 г. пишува дека комитопулот Никола и  синовите востанале против Бугарија и дека потоа Бугарите се избркани од Македонија која била прогласена како посебна држава.

Овој текст потсетува за бурните настани што се одиграле во Македонија за време на Самоиловото Царство.

Почетоците на ова царство се навестуваат уште со слабеењето на Првото Бугарско Царство под чија окупација е тогаш Македонија. По смртта на Симеон, на чело од бугарскиот престол доаѓа синот Петар. Не треба да не бунат христијанските имиња на овие бугарски цареви, па да ги поистоветуваме нив со бугарските Словени (Анти). И Симеон и Петар се етнички турко-монголски Бугари, а доказ е фактот што цар Симеон е роден син на кнез Борис, кој пак е роден син на турко-монголскиот бугарски хан Пресијан, кој жестоко војувал со Словените (Венетите). Значи, независно од тоа што Симеон  придонел во распространувањето на т.н. старословенски јазик (кој Бугарите во писмена форма го добиле од Македонија), тој си бил етнички Бугаро-Азијат и неговото семејство е принудено допрва да учи и зборува на т.н. словенски јазик.