Маркова пештерна црква

Во околината на Кавадарци, југозападно од селото Драдња, високо во карпите е подигната пештерна црква посветена на свети Никола, попозната како Маркова црква.


Станува збор за мала еднокорабна градба од кршен камен и делкан бигор, покриена со полукружен свод од бигорни камења.

Во црквата е пронајден натпис што тешко се чита и толкува. Во него се спомнуваат игумен, архиереј и војвода, но нивните имиња остануваат непрочитани, зашто натписот е само делумно сочуван.

Според истражувањата и проучувањата на живописот, се претпоставува дека тој е настанат во XIV век. Од композициите се препознаваат “Успение Богородично”, “Преображение”, сцени од животот на свети Никола, Деисизната композиција, над влезот на западната фасада насликан е свети Никола, а од другите светители можат да се забележат ликовите на св. Никанор, Евангелистот Јован и други.

Во нејзиниот реон пронајдени се остатоци од гробни конструкции, покривни ќерамиди и градежен камен.