Општина Кочани

Кочани се наоѓа на 120 километри оддалешеност од Скопје во истошниот дел на Република Македонија, поточно  ја завзема северната страна на Кочанска та котлина и го зафаќа просторот од двете страни на Кочанската котлина каде што ...


таа ја напушта Осоговијата и ја проширува својата долина.

Градот има јужна поставеност  кон подножјето на Осоговските планини (2252 м). По 8 км. На југ плодната Кочанска котлина е затворена со планината Плачковица(1754 м.), а надморска височина на градакото тло е до 450 м.

Поради поволната географска местоположба и одличните природни карактеристики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од пеонците, медите и траките, а во 80- те години од  VI век почнуваат да се населуваат Словените, поточно до VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа. Браќата Кирил и методиј, основоположниците на словенската писменост од 845- 855 г. престојувајќи во Брегалничката област (Мородвиз) отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик.

Иако населбата постои од порано, името Кочани во пишан документ за првпат се среќава од 1337 година. Од крајот на XIV vek Кочани е под Турскла власт Патеписецот Евлија Челебија во 1662 година зборува за населба од 600 куќи и 15 дуќани. Градот растел во XVIII, XIX и особено во XX век , по градбата на железничката пруга во 1926 година.

http://www.kocani.gov.mk