Општина Берово

Малешевијата ја нарекуваат "Мала Швајцарија". Питома и мирна исто колку и дарежлива, таа сеуште е недоволно откријен дел од природата која истурила грст благодети, мелем за очите и рај за душата што само чекаат да бидат искористени.


Општина Берово е сместена во источниот дел на Република Македонија на површина од 595 км. кв. Богатство од букови, борови и дабови шуми го одредиле и нејзиното име "Малеш" - планина. Општинскиот центар Берово и селските населби се сместени на периферијата на Малешевската котлина. Климата се карактеризира како умерено - континентална со одредени карактеристики на планинска. Во Берово се влегува и излегува по два регионални патни правци: преку Кочани и Виница, што сега продолжува кон граничниот премин Клепало и преку Делчево, Пехчево кон Струмица.

Во општината Берово живеат 13,941 жители од кои 95,65% се Македонци, а останатите се Роми, Турци, Власи и Срби. Берово е стара населба, можеби од римско време. Настанала кога околните села и населби почнале да се “берат” во Малешевската котлина, што е една од легендите за настанувањето на Берово.

 http://www.berovo.gov.mk