Општина Василево

Општина Василево како комуна за прв пат е формирана 1922 година.


Со територијалната поделба 1954 - 1955 година  комуна Василево повторно е основана што значи дека е согледана можноста за опстојување на тој простор како Комуна. Комуна Василево ја преживува и реформата во 1962 година кога се укинати другите селски комуни во Струмичкиот регион, но во 1965 година со Стопанската реформа е укината заедно со сите комуни.
Во 1996 година со Законот за територијална поделба на Република Македонија, општина Василево повторно се основа со 18 населени места, но сега без Добрејци, Вељуса и Просениково.

http://www.opstinavasilevo.gov.mk