Општина Пробиштип

Пробиштипска општина го зазема средниот и долниот дел од сливот на Злетовска река . На север се граничи со Кратовска , на запад со Светиниколска , на југ со  Штипска , а на исток со Кочанска општина.


Административниот центар Пробиштип од Кратово е одалечен 18 км. , од Штип 22км. , а од Кочанi 42км

Од железничката станица "Ванчо Прке" Пробиштип е одалечен 20 км.Нејзината површина изнесува 325,6км а бројот на население 16.193 жители.

И покрај што претставува ридско планинско подрачје , сепак има поволлни природни врски со соседните и подалечните области .

Во минатото низ нејзината територија воделе повеќе каравански патишта што ја поврзувале долината на Брегалница преку превалите Жгури, Долни и Горни Печеници, со Кратово и понатаму Ќустендил (Бугарија).Низ село Г.Барбарево водел таканаречениот Велешки пат. Низ територијата на оваа општина водел и т.н. Скопски пат - од Скопје низ Овче ?Поле и селото  Куково водел пат за Кочани.

Како што може да се види од извршената кратка анализа на сообраќајните врски, оваа општина има поволна положба во однос на природните комуникации, бидејки лежи помеѓу две многу важни сообраќајни артерии,Брегалничката која ја поврзува со Кочани, Штип. Велес и Скопје и Криворечката од која еден крак поминува преку Кратово, Куманово и Скопје, а вториот крак преку Кратово, Крива Паланка и Р.Бугарија.

 

http://www.probistip.gov.mk