Редена салата
Редена салата
Потребни состојки:

400 гр. свинска салама
400 гр. пилешка салама
400 гр. кашкавал
400 гр. кисели краставички
400 гр. варен морков
10 варени јајца


Фил:
4 кесички желатин
300 мл. јогурт
Сол


Кашкавалот, краставичките, морковот, јајцата, свинската и пилешката салама се сечат на тенки листови, а потоа го подготвуваме филот. Во тенџере на оган го загреваме јогуртот, додаваме сол по вкус и растворениот желатин. Во длабок плех ги редиме состојките по редослед: пилешка салама, краставички , јајца, моркови, кашкавал па свинска салама. Помеѓу секоја состојка ставаме по малку од желатинот. Откако ќе ја наредиме салатата, одозгора на еден дел ставаме рендана белка ос јајце, на друг дел ставаме рендана жолчка, на трет дел ставаме рендан морков и на четврт дел ставаме рендана свинска салама. Салатата ја сечиме по должина.