Општина Градско

Градско е историски познато како значајна сообраќајна и трговска крстосница, не само за Република Македонија, туку и за поширокиот балкански регион.


Тоа произлегува од неговата географска поставеност, која главно е рамничарскиот дел на средиштето на Македонија, распослано на двете страни на средното Повардарие. Низ него минуваат и се вкрстуваат значајни патни и железнички сообраќајни јазли, кои создаваат врска на северниот со јужниот дел на Балканот.
Нејзината територија зафаќа површина 290 км2 , на која егзистираат повеќе населени места. Населението на оваа Општина, карактеристично по етничката структура главно го сочинуваат Македонци, Бошњаци, Албанци, Роми, Турци и Срби, кои претежно егзистираат од земјоделство.
На површина од околу 7.000 ха обработливо земјиште, главно се одгледуваат градинарски производи, а постојат и добри услови за развој на полјоделство и лозарство. Мал дел од населението се занимава со сточарство, со оглед на фактот што пасиштата во овој регион се најсушни во однос на другите во Повардарието и воопшто во Република Македонија. Според новата поделеност на Републикава и локалната самоуправа, општината Градско започнува со сериозна ревитализација на овој регион, за да се сопрат миграционите процеси и целосно да се подобрат условите за живеење и егзистенција.

Населени места во Општина Градско
- Градско 
- Виничани
- Водоврати
- Ногаевци
- Уланци
- Комилари
- Подлец
- Горно Чичево
- Долно Чичево
- Грнчиште
- Скаченци
- И др. села напуштени со прецесот на миграција 

 http://www.gradsko.gov.mk