Слатко од капини

Слатко од капини, зимница
Потребни состојки:
5 кг. капини
3 кг. шеќер
Капините се чистат, се мијат и се оставаат малку да се исцедат. Во поголема тава или шерпа се редат ред капини, ред шеќер, ред капини, ред шеќер и се додека не се потрошат капините. Потоа, шерпата се става на оган и со постојано мешање се вари слаткото додека течноста да стане како шербет (околу 1 час). Додека е сеуште топло, слаткото се собира во тегли.
|