Печени компири
Печени компири, главно јадење
Потребни состојки:

6-7 средно големи компири
Масло за јадење
Сол и зачин


Компирите убаво ги миеме и ги сечиме на половина по должина. Плехот за печење го намрсуваме и во него ги свалкуваме половинките компири, а потоа пред да ги наредиме во плехот, компирите од двете страни ги зачинуваме со сол и зачин. Компирите ги редиме со пресечената страна одоздола, за да при печењето добие румена боја. Плехот го ставаме во рерна да се пече на 200С околу 40 минути. Откако ќе се испечат компирите, плехот го вадиме од рерната и го оставаме настрана за компирите сами да можат да се одлепат од него. Компирите печени на ваков начин може да се јадат целосно без да им се отстранува кората.