Тегнет баник со сирење
Тегнет баник со сирење, тестенини
Потребни состојки:

500 гр. брашно
100 мл. масло за јадење (+ )
Малку квасец
Сол

За фил:
400 гр. сирење
100 гр. кисела павлака
1 јајце
Сусам
Сол


Брашното го сееме и го ставаме во подлабок сад, додаваме малку сол, маслото за јадење, многу малку квасец (може и да не ставате квасец) и млака вода колку да се замесе тврдо тесто. Откако ќе го измесиме убаво, тестото го делиме на неколку топчиња и секое топче малку го расукуваме со сукалка и ги ставаме во претходно намрсен поголем сад. Расуканите топчиња ги намрсуваме од двете страни и ги оставаме малку да отстојат. Во меѓувреме го подготвуваме филот. Сирењето го рендаме и го ставаме во подлабок сад, ја додаваме киселата павлака, јајцето и малку сол и мешаме со вилушка. На масата ставаме чаршав и на него ги тегниме корите рамномерно, полека, почнивајќи од средината, а потоа продолжуваме да тегниме само со прстите додека кората да стане тенка. Откако ќе ја истегниме, ги откинуваме краевите на кората (од краевите формираме уште една кора) попрскуваме со малку масло за јадење, ставаме од филот и ја мотаме кората во ролна со помош на чаршавот (подигајќи го од двете страни). Витките ги редиме (по желба) во намрсен плех, одозгора ставаме малку масло за јадење и нарасуваме со сусам. Баникот го оставаме да отстои 5-10 минути и потоа го печиме во рерна на температура од 180оС околу 15 минути.