Сарма од лозов лист
Сарма од лозов лист, главно јадење
Потребни состојки:

40 лозови листови
500 гр. мелено месо
200 гр. чадена сланина
100 гр. ориз (кочански)
2 главици кромид
Малку оцет
Масло за јадење
Нане (мирудија)
Сол
Црн и црвен пипер


Во тава на оган го ставаме ситно сечканиот кромид да се пржи, го додаваме и меленото месо, посоливаме и ставаме црн пипер. Откако малку ќе се пропржи меленото месо, ја додаваме ситно сечканата чадена сланина, оризот, зачинуваме со мирудија, магдонос и црвен пипер. Го допржуваме уште 2-3 минути и го тргаме од огнот. Лозовите листови убаво ги миеме и ги попаруваме со жешка вода за малку да омекнат. На листовите ставаме од смесата со мелено месо и мотаме сарми. Сармите ги редиме во тенџере, ги прелеваме со вода, ставаме малку оцет и заптжуваме со запршка (во тавче ставаме масло за јадење и една лажица брашно, оставаме малку да зарумени). Запршката ја истураме во тенџерето, поклопуваме и го оставаме тенџерето на тивок оган да се варат сармите околу 2 часа.