Подварок
Подварок, главно јадење
Потребни состојки:

1 помала зелка, свежа или кисела
500 гр. свински ребра
2 домати
2 главици кромид
Масло за јадење
магдонос
Нане (мирудија)
Сол
Црн и црвен пипер


Свинските ребра ги сечиме на помали парчиња, ги посолуваме, им ставаме мелен црн пипер и ги оставаме 10-15 минути. Потоа во тенџере на оган ги ставаме свинските ребра да се пржат. Откако ќе се испржат ги вадиме од тенџерето и во него го ставаме ситно сечканиот кромид да се пржи. Зелката ситно ја сечкаме и ја додаваме во тенџерето. Откако ќе омекне ја зачинуваме со мирудија, магдонос, црвен пипер и ситно сечкани домати (може и салце од домати). Ако зелката е свежа налеваме вода и додаваме оцет, а ако е кисела налеваме само вода. Го поклопуваме тенџерето и оставаме да се вари околу 90 минути на тивок оган.