Качамак
Качамак, тестенини
Потребни состојки:

1 кг. пченкарно брашно
2 л. вода
Масло за јадење
Сол


Во тенџере на оган ставаме околу 2 литри вода. Ја посолуваме и ставаме малку масло за јадење. Пред да почне водата да врие, го ставаме и брашното, внимателно без да промешуваме. Потоа во средината на брашното со сукалка правине отвор (за да при вриењето не се расрура формата на брашното). Оставаме да се вари околу 2 часа на тивок оган. По 2 часа тенџерето го тргаме од огнот, и со сукалката го мешаме брашното со водата со кружни движења, се додека брашното не се соедини со водата. Додека смесата е сеуште топла, може качамакот да се истури во намрсен плех, а потоа де се сече на парчиња, или пак, со лажица се црпи од тенџерето и се става во намрсен плех. Качамакот се служи со биено сирење, кисело млеко, а најдобро е со солено свинско месо. Традиционалниот качамак се прави во традиционално македонско котле.