Бабури
Бабури, главно јадење
Потребни состојки:

10 бабури
½ кг. мелено месо
½ кг компири
2 главици кромид
3 чешлиња лук
2 моркови
200 гр. ориз (кочански)
2 свежи домати или доматно пире
Масло за јадење
Магдонос
Сол
Црн и црвен пипер


Во тава на оган ставаме да се пржи ситно сечканиот кромид, го додаваме и ситно сечканиот морков и откако ќе омекнат го додаваме и меленото месо. Додека се пржи меленото месо додаваме сол, црн и црвен пипер, ситно сечкани свежи домати или доматно пире и оставаме малку да се динста. По потреба додаваме и уште малку сол, магдонос, потоа промешуваме и тавата ја тргаме од огнот. Бабурите ги бришиме со чиста крпа, им ги отстрануваме дршките и семките и ги полниме со смесата од мелено месо. Ги затвараме со парчиња компири и ги редиме во традиционална македонска земјена тава. Останатите компири го лупиме, ги сечкаме на поситни парчиња и ги додаваме во земјената тава, редејќи ги помеѓу бабурите. Компирите малку ги насолуваме и ставаме масло за јадење. Тавата ја ставаме во загреана рерна да се пече околу 45 минути на 200оС.